Зборуваме за нови погони, но Велес беше индустриски град со повеќе стари погони кои за жал згаснаа со транзицијата. Но некои знаеја и да се трансформираат во приватен капитал и да се издигнат. За пример, една фабрика која произведуваше приколки, а сега произведува разни потребни помошни средства за болници и за хотели. Постојат ли такви можности и за тие поголемите капацитети во Велес?
Чадиев: За среќа е точно, но само таа фабрика успешно се трансформираше и сега е еден гигант кој што континуирано расте со околу 500 вработени. Да додадам дека истата таа фабрика деновиве поднесе и барање за измена на деталниот урбанистички план, бидејќи сака да прави нов објект. Тоа е уште една позитивна слика.
Но другите трансформации во Велес не беа успешни, се купија повеќе погони и фабрики, потоа работеа многу кус период, и потоа беа ставени под хипотека и запираше секоја активност. Ќе ја споменам „Керамика нова“, која што беше ставена под хипотека и буквално однесено се што имаше во неа. Ние силно пристапивме на реализација на уште еден проект токму на тој сегмент. Таа фабрика никогаш немала детален урбанистички план. Ние сега го изработивме ДУП, имаме една добра соработка со банката која што е сопственик сега на тие погони, на тој објект.
За кој период се работи? Кога била ставена под хипотека?
Чадиев: Тоа е веднаш по 1994 година, 2001 година таа фабрика згасна. Па ја презеде господинот Костовски, кој што остави длабоки траги на неуспешно работење во фабриката „Порцеланка“, која што целосно е под хипотека кај една од нашите банки.
Ние сега изработивме ДУП за тој комплекс кој поседува неколку карактеристики. Прво има пруга која влегува во него, има добро снабдување со вода, одлична комуникација со регионален пат, така што ги исполнува сите стандарди за една „браунфилд“ инвестиција. Но ќе видиме што ќе биде понатака, ние мислиме дека ќе успееме во таа наша намера, бидејќи е на идеално место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)