Во Македонскиот народен театар во рамките на новата репертоарска програма привршуваат подготовките на мега-спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот автор Михаил Булгаков, во режија на Иван Поповски…
Иван Поповски во последните 27 години од својот живот работи и твори низ театрите во руската претстолнина. Тој е воедно и еден од основачите на познатиот руски театар „Пјотр Фоменко“ во Москва, како и амбасадор за култура на Република Македонија во Русија.
Во овој сценски спектакл се инволвирани актерите од ансамблот на Македонскиот народен театар, актери од неколку театри во Македонија, како и соработници од Италија и од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


