Премиерот Никола Груевски заедно со сопругата Боркица вечерва присуствуваат на тетарската премиера „Мајсторот и Маргарита“.
Ремек-делото на Михаил Булгаков вечерва премиерно се прикажува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ). Премиерот Груевски не пропушти да биде дел од премиерата на претставата која е во режијата е на популарниот режисер Иван Поповски и која трае повеќе од 4 часа.
Во претставата играат шеесетина актери. Дејан Лилиќ го игра Мајсторот, а Драгана Kостадиновска ја толкува Маргарита, Никола Ристановски е Воланд, Понтиј Пилат е Јордан Симонов, Kаровјев го игра Оливер Митковски, Азазело – Ѓорѓи Јолевски, Емил Рубен, го игра доктор Стравински, а Сашко Коцев, пак, ја има улогата на Иван Николаевич – Бездомни.
Вчера беше претпремиерата на претставата, а публиката ја награди екипата со неколкуминутен аплауз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии