| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ во МНТ

Македонскиот народен театар (МНТ) го подготвува спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот автор Михаил Булгаков, во режија на Иван Поповски. Премиерата е закажана за 1 и 2 декември.

Претставата „Мајсторот и Маргарира“, според истоимениот роман на Михаил Булгаков, е голем и амбициозен проект. На македонската публика ќе ѝ понуди нешто ново, еден поинаков пристап од оној што досега сме го виделе во театрите низ земјава – најавуваат од МНТ. Оваа претстава ќе одбележи една нова фаза во Македонскиот народен театар. „Мајсторот и Маргарита“ зборува за љубовта и за светлоста. Нешто што треба да биде главна водилка на сите луѓе, велат актерите. Магијата од романот на Булгаков, во целост ќе биде претставена на сцената. Големиот компактен и мотивиран актерски ансамбл и високите технички можности на сцената на Македонскиот народен театар, ветуваат претставата да стане вистински хит. Романот на Булгаков на македонски бил преведен пред 40 години.

 

По успесите со претставата „Идиот“ во Загреб и „Мртви души“ во Марибор, Иван Поповски по долги години работа во руските театри, ќе режира во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top