| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров: „Да не се користи јазикот на ултиматуми“

lavrovВо решавањето на косовското прашање не треба да се користи јазикот на ултиматуми, изјави рускиот министер за надворешни работи,Сергеј Лавров.

-Русија непроменето ја поддржува позицијата на српското државно раководство за косовското прашање, што ги следи основните постулати на Завршната декларација од Хелсинки, која препорачува сите проблеми да се решаваат исклучиво врз основа на взаемно договарање, додава Лавров.

Потсети дека кога Европската унија предложи да посредува меѓу Белград и Приштина за постигнување взаемно прифатливо решение на косовскиот проблем, Русија ја поздрави резолуцијата на ОН, што им ги одобри посредничките напори.

-Се разбира, ниту во оваа резолуција, ниту во некакви други, кои ги определуваат параметрите на овие преговори, не се кажува дека тие можат да се водат со јазикот на ултиматумите, подвлече Лавров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top