| четврток, 6 декември 2018 |

„Карнеги хол“ на нозе за Дуке, Каролина, Крсте и Филхармонија (ВИДЕО)

132839715

Публика на нозе и долготрајни овации го завршија успешниот концерт на камерниот оркестар на Македонската филхармонија, засилен со Дуке Бојаџиев, Каролина Гочева и Крсте Роџевски во престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк.

132839720

Целиот концерт беше на македонски, во среде Њујорк во Карнеги Хол. И имав доста пријатели не-Македонци, половина од публиката беа од Њујорк или од светот, но беа сериозно воодушевени, особено луѓе што воопшто не слушнале за македонска музика. Ова им беше како еден огромен душевен удар, бидејќи сите беа огреани кога излегоа и ми пријдоа по концертот, изјави композиторот и пијанист Бојаџиев, кој работи во Њујорк.

Американската публика слушна музика изведувана на македонски јазик, како Зајди Зајди, изведена и на традиционални музички инструменти.

Zajdi Jasno Sonce – Carnegie Hall, 8 October, 2015

Posted by Duke Bojadziev on четврток, 8 октомври 2015

 

Ова беше навистина величествена изведба и концерт. Навистина сум искрено горда на сите македонски уметници, вклучувајќи ги, се разбира, и уметниците од Македонската Филхармонија, на сето она што го претставија како врвна македонска култура и уметност. Горда сум на сите нивни успеси и тоа токму овде во најголемиот центар во Карнеги Хол, го потврдија преку овој навистина голем настан и за нив и за Република Македонија, изјави министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Ова беше вториот концерт на камерниот оркестар на Македонската Филхармонија во Њујорк во два дена, по настапот во музичкиот центар Кауфман, каде солираше кларинетистот Исмаил Лумановски.

филхармонија во ЊујоркКако што е најавено, промоцијата на македонската култура во американската метропола продолжува и денеска, каде министерката Канческа-Милевска, во Македонскиот културен центар во Њујорк ќе се обрати  на отворањето на изложбата на македонските реномирани уметници Ацо Таневски и Ивана Пирковска, како и на промоцијата на аудиоизданието со традиционални македонски изворни песни, во издание на издавачкиот оддел на еден од најголемите музеи во Америка,  „Смитсонијан музеј“. Изданието е поддржано од реномирана меѓународна фондација за музика и уметност, како и од Обединетата македонска дијаспора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top