| четврток, 6 декември 2018 |

Утопи­jа или реалност: Села и Острени против Тачи и Ахмети

Се се­ќа­ва­те ли на НДУ на Хис­ни Ша­ќи­ри, НДИ на Нев­зат Ха­ли­ли или на ДУА на Бар­дуљ Мах­му­ти? По­ве­ќе­то би од­го­во­ри­ле со не, а и тие што се се­ќа­ва­ат не ги па­ме­тат по ус­пе­хот. Ги оче­ку­ва ли иста­та суд­би­на и Единс­тво на Гзим Остре­ни и Дви­же­ње за ре­фор­ми на ДПА на Зи­ја­дин Се­ла? На­стра­на пар­ти­ја­та Бе­са. Ана­ли­ти­ча­ри­те се по­де­ле­ни. За ед­ни ова е уто­пи­ја на но­ва­ци­те, за дру­ги, пак, има­ат шан­са да зе­мат не­што, ма­кар сит­но...

До­се­гаш­но­то искус­тво ве­ли де­ка из­ми­на­та­та де­це­ни­ја се ис­пи­ли­ја мно­гу пар­тии од па­зу­ви­те на две­те нај­го­ле­ми ал­бан­ски пар­тии во Ма­ке­до­ни­ја. Нив­на­та исто­ри­ја, пак, по­ка­жу­ва де­ка фрак­ци­о­не­ри­те што се ос­ме­ли­ја да се оби­дат на „сво­ја ра­ка“ на по­ли­тич­ка­та сце­на, беа чи­ста уто­пи­ја и не­маа по­се­ри­о­зен ус­пех. Ед­на­та по­ло­ви­на од оп­ти­ми­стич­ки на­стро­е­ни­те по­ра­неш­ни чле­но­ви на ДУИ и на ДПА ис­чез­на уште при пр­ви­от обид и ка­та­стро­фа­лен не­ус­пех, вто­ра­та, пак, има­ше до­бра „пр­ва ра­ка“, но и ни­што по­ве­ќе од пр­вич­ни­от ус­пех, кој ни­ко­гаш по­ве­ќе не се по­вто­ри. Слич­но ка­ко и кај ма­ке­дон­ски­те пар­тии, и во ал­бан­ски­от блок „вла­де­ат“ две пар­тии, а би­по­лар­но­ста ста­ну­ва сѐ по­сил­на по се­кои из­ми­на­ти из­бо­ри.

Единс­тве­на­та раз­ли­ка во ал­бан­ски­от кам­пус е по­да­то­кот де­ка ДУИ е на власт ве­ќе це­ли 13 го­ди­ни, од из­бо­ри­те во 2002 го­ди­на. Ко­а­ли­ци­ра­ше и со СДСМ (2002-2006) и со ВМРО-ДПМНЕ (2006-2016). За ДПА ток­му таа пос­тконф­ликт­на 2002 го­ди­на е пос­лед­на­та ко­га ја вку­си­ле цен­трал­на­та власт. От­то­гаш се во опо­зи­ци­ја, иа­ко на­па­ти мно­гу по­кон­стру­ктив­на и по­ра­зум­на од ма­ке­дон­ска­та. Пред не­кол­ку го­ди­ни, те­шко де­ка не­кој мо­же­ше да прет­по­ста­ви де­ка експ­ло­зив­ни­от Та­чи мо­же да би­де при­мер за сми­ре­ност и за спо­кој­ност за не­ко­го во др­жа­ва­та.

analiza161-2

Во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка од не­за­вис­но­ста до де­нес се впи­шаа мно­гу ал­бан­ски пар­тии. На­јра­зо­ча­ру­вач­ка е суд­би­на­та на ПДП, пр­ва­та ал­бан­ска пар­ти­ја во плу­рал­на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја, очиг­лед­но, не го из­др­жа при­ти­со­кот на вре­ме­то и, бу­квал­но, ис­чез­на од сце­на­та. Се за­ка­ну­ва ли иста­та ма­три­ца за ед­на од две­те акту­ел­ни нај­го­ле­ми пар­тии во кам­пу­сот? Поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те ве­лат де­ка не ста­ну­ва ни збор за та­кво не­што во поб­ли­ска ид­ни­на.

Оби­дот на т.н. пен­зи­о­ни­ра­но во­е­но кри­ло на ДУИ од­на­пред се осу­ду­ва на не­ус­пех по­ра­ди фа­ктот што единс­тве­но­то што го ну­ди е „фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја и рам­но­мер­на по­дел­ба на бу­џе­тот?!“ ДУИ е мно­гу по­кон­крет­на во по­ну­да­та кон сво­и­те гла­са­чи, а на оби­дот за осво­ју­ва­ње со евтин на­ци­о­на­ли­зам екс­прес­но од­го­во­ри со ре­о­тво­ра­ње­то на Рам­ков­ни­от до­го­вор. На овој чин, пак, најм­но­гу „из­на­ри­паа“ со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те ју­риш­ни­ци, кои го за­зе­доа ин­тер­нет со та­жач­ки око­лу актот на ДУИ. Но не по­ра­ди па­три­о­ти­зам и жел­ба­та за за­си­ле­на ал­ба­ни­за­ци­ја на др­жа­ва­та од ДУИ, ту­ку по­ра­ди бо­жем­но­то одв­ле­ку­ва­ње на вни­ма­ни­е­то од „ви­стин­ски­те“ проб­ле­ми во пр­жин­ски­от фер­ман. Нив­ни­те „ви­стин­ски“ проб­ле­ми, се раз­би­ра. Очиг­лед­но, не им е лес­но ко­га им го­ри под но­зе­те и им се бли­жат из­бо­ри. Ете им ви­стин­ски проб­лем…

analiza161-3

И ДПА има ши­рок спе­ктар на исто­ри­ски пре­врат­ни­ци, кои по­са­каа по­себ­на по­ли­тич­ка ка­ри­е­ра од ма­тич­на­та ор­га­ни­за­ци­ја. За раз­ли­ка од пар­ти­и­те „ќор-фи­шек“, ис­пи­ле­ни во сен­ка­та на ДУИ, овие вто­ри­те имаа по­го­лем ус­пех кај еле­кто­ра­тот. Дел од нив ги ва­ло­ри­зи­раа и сво­и­те ман­да­ти во пар­ла­мен­тот, но со кус рок на тра­е­ње. Од си­те нив, во игра е са­мо Ру­фи Ос­ма­ни. Се­га му се прик­лу­чи и ре­фор­ма­тор­ски­от „от­пад­ник“ Зи­ја­дин Се­ла. А поз­на­ва­чи­те ве­лат де­ка Се­ла, кој са­ка да осво­ју­ва гра­до­ви, има преч­ка во цвр­ста­та стру­кту­ра на ДПА над­вор од род­ни­от град.

analiza161-4

Пар­ти­ја­та Бе­са за мно­гу­ми­на е са­мо ве­ту­ва­ње, да­ден збор, кој ќе оста­не да­ден, но не и кон­кре­ти­зи­ран. Се­пак, дел од ана­ли­ти­ча­ри­те не ја пот­це­ну­ва­ат имај­ќи го пред­вид но­ви­от при­стап, кој из­ле­гу­ва над­вор од на­ци­о­на­лиз­мот, ба­рем дек­ла­ра­тив­но. Дру­ги­те, пак, ѝ пред­ви­ду­ва­ат стра­шен де­бакл на из­бо­ри­те во 2016 го­ди­на. Проб­ле­мот го гле­да­ат во отсус­тво­то на цвр­ста ра­ка и на пар­ти­ска ор­га­ни­зи­ра­ност ка­ко про­ве­рен ре­цепт за ус­пех кај ал­бан­ски­от еле­кто­рат. За ре­пер го зе­ма­ат и сла­би­от од­ѕив на јун­ски­от т.н. се­ал­бан­ски марш, ор­га­ни­зи­ран ток­му од оваа пар­ти­ја.

 

Saso-Klekovski-analizaКле­ков­ски: Го­ле­ма фраг­мен­та­ци­jа на ДУИ и на ДПА е до­бра за нив

Ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка е од­бе­ле­жа­на со го­лем број по­ли­тич­ки пар­тии, кој на мо­мен­ти из­не­су­ва по­ве­ќе од 150, за по­сте­пе­но да опа­ѓа и де­нес из­не­су­ва око­лу 35 пар­тии, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Са­шо Кле­ков­ски, спо­ред кој по мно­гу­те оби­ди и по пр­вич­ни­от ус­пех, ка­ко на при­мер на ДА и на НСДП, по­сте­пе­но се пре­то­пу­ва­ле во би­пар­тиз­мот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ и на ДУИ и на ДПА (прет­ход­но ПДП). По­че­тен ус­пех има­ле и пар­ти­и­те што се ос­но­ва­ле со от­це­пу­ва­ње фрак­ци­ја (НСДП, ВМРО-НП), по­ре­тко со­се­ма но­ви­те (ДА), по­со­чу­ва Кле­ков­ски, за кој е во­о­би­ча­е­но што и пред овие из­бо­ри, пот­тик­на­ти од зна­чај­ни­от број не­о­пре­де­ле­ни гра­ѓа­ни, ве­ќе се фор­ми­ра­ат или се нај­а­ву­ва­ат но­ви по­ли­тич­ки пар­тии.

КЛЕКОВСКИ: Кај по­ли­тич­ки­те пар­тии, кои се на­де­ва­ат на гла­со­ви­те на гра­ѓа­ни­те, ет­нич­ки Ал­бан­ци, се фор­ми­ра Дви­же­ње­то за ре­фор­ми на ДПА или во жар­го­нот ДПА-Се­ла, ко­ја се фор­ми­ра со от­це­пу­ва­ње на Зи­ја­дин Се­ла од ДПА. Тоа не е прв­пат во исто­ри­ја­та на ДПА, ка­де што не­за­до­вол­ни­те се од­да­ле­чу­ва­ле, на при­мер За­мир Ди­ка, Ру­фи Ос­ма­ни, Имер Сел­ма­ни и дру­ги, а не­кои и фор­ми­ра­ле но­ви пар­тии ка­ко Но­ва де­мо­кра­ти­ја (Имер Сел­ма­ни) или НДП (Ру­фи Ос­ма­ни), кои че­сто це­ле­ле на гла­сач­ко­то те­ло на ДПА во нив­ни­от ре­ги­он. Овие пар­тии по­стиг­на­ле по­че­тен ус­пех, обич­но ло­кал­но или ре­ги­о­нал­но, та­му од ка­де што по­тек­ну­ва ли­де­рот, Скоп­је, Го­сти­вар, нај­че­сто со прив­ле­ку­ва­ње на гла­сач­ко­то те­ло што го има­ла ДПА, но не ус­пе­а­ле да здо­би­јат под­др­шка на на­ци­о­нал­но ни­во, по што се гу­бе­ле од по­ли­ти­ка­та. Го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста тоа да се слу­чи со ДПА- Се­ла: да по­стиг­не ус­пех во Стру­га, со по­стој­но­то гла­сач­ко те­ло на ДПА, но со ма­ли шан­си да се одр­жи на по­дол­ги па­те­ки. Освен ако со зна­чај­но­ста на сво­јот ус­пех не пот­тик­не ре­фор­ма во ДПА, , ка­ко што го­во­ри име­то.

Пар­ти­и­те што ги фор­ми­ра­ле по­ли­ти­ча­ри  от­це­пе­ни од ДУИ до­се­га не ус­пе­а­ле да по­стиг­нат за­бе­леж­лив ус­пех, пред сѐ по­ра­ди мо­ќта на ДУИ. Уни­те­ти, пар­ти­ја­та што се нај­а­ву­ва, е ениг­ма сѐ до­де­ка не се об­ја­ви ли­дерс­тво­то и про­гра­ма­та. До­кол­ку пар­ти­ја­та оста­не на пен­зи­о­ни­ра­ни­от Гзим Остре­ни и на аген­да­та за фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, таа пар­ти­ја ќе по­ми­не ка­ко тие што прог­ла­су­ваа Или­ри­да – мно­гу дра­ма, мал ефект. Со­се­ма по­и­на­ку мо­же да би­де ако на пар­ти­ја­та се прик­лу­чат Хаз­би Ли­ка и Ра­физ Али­ти, што зву­чи мно­гу не­ве­ро­јат­но, за­тоа што тоа мо­же да ги на­мет­не ме­ѓу­ет­нич­ки­те од­но­си ка­ко важ­на те­ма на след­ни­те из­бо­ри, па ду­ри и да ги за­се­ни те­ми­те што се се­га акту­ел­ни. За раз­ли­ка од пр­ви­те два слу­ча­ја, пар­ти­ја­та Бе­са по­тек­ну­ва од не­за­до­волс­тво­то и од ДУИ и од ДПА. За по­тсе­ту­ва­ње, на гла­со­ви­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци не­за­до­вол­ни од ДУИ и од ДПА се на­де­ва и СДСМ, а и ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја по­себ­но со бр­зи­на­та на ре­ак­ци­ја­та и со ан­гаж­ма­нот по поп­ла­ви­те во Те­тов­ско, по­ка­жа де­ка са­ка да ги по­до­бри од­но­си­те со овој еле­кто­рат.

Си­ту­а­ци­ја­та на не­за­до­волс­тво кај гра­ѓа­ни­те ет­нич­ки Ал­бан­ци го пот­тик­ну­ва соз­да­ва­ње­то но­ви пар­тии, но го­ле­ма­та по­дел­ба на и та­ка ма­ло гла­сач­ко те­ло (це­ла Ма­ке­до­ни­ја е ма­ло гла­сач­ко те­ло), ја се­че гран­ка­та на ко­ја са­ка­ат да се­дат но­во­фор­ми­ра­ни­те пар­тии. Кол­ку по­ве­ќе пар­тии, кол­ку по­го­ле­ма по­дел­ба на не­за­до­вол­ни­те од ДУИ и од ДПА, зна­чи тол­ку по­до­бро за ДУИ и за ДПА.

Ус­пе­хот на но­ви­те пар­тии, по­крај ли­дерс­тво­то, мно­гу за­ви­си од по­ли­тич­ки­от при­стап и про­гра­ма. Во ми­на­то­то, НД и Имер Сел­ма­ни трг­наа со гра­ѓан­ска оп­ци­ја, што бе­ше ре­ла­тив­но ус­пеш­но, но, ве­ро­јат­но, под оче­ку­ва­ња­та на ра­ко­водс­тво­то, по што НД се свр­ти кон ал­бан­ски на­ци­о­на­ли­зам. Игра­ње­то на на­ци­о­на­ли­зам е ед­но­став­на и евти­на ала­тка за мо­би­ли­за­ци­ја, по ко­ја по­сег­ну­ва­ат по­ли­ти­ча­ри во мно­гу по­зре­ли де­мо­кра­тии од Ма­ке­до­ни­ја. И за по­ли­тич­ки­те пар­тии е по­лес­но да ба­ра­ат по­го­ле­ма упо­тре­ба на ал­бан­ски­от ја­зик би­деј­ќи тоа мо­же да се ос­тва­ри со за­кон­ски из­ме­ни. Еко­ном­ски по­раст и ра­бот­ни ме­ста не се ос­тва­ру­ва­ат тол­ку ед­но­став­но и тол­ку бр­гу. Но вр­те­ње­то на НД кон ал­бан­ски на­ци­о­на­ли­зам то­гаш бе­ше го­ле­ма по­ли­тич­ка гре­шка, а ќе би­де и се­га. Си­те пар­тии што се оби­ду­ваа да игра­ат иск­лу­чи­тел­но на гол ал­бан­ски на­ци­о­на­ли­зам, не по­стиг­наа ус­пех. Ми се чи­ни де­ка кај ет­нич­ки­те Ал­бан­ци, ка­ко и кај ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци, до­кол­ку по­стои не­за­до­волс­тво, тоа е, пред сѐ, од со­цио-еко­ном­ска­та со­стој­ба – не­вра­бо­те­но­ста и од си­ро­ма­шти­ја­та.

 

Albert-Musliu-analizaМус­лиу: Две ма­ли пар­тии вле­гу­ва­ат во пар­ла­мен­тот

Кај ал­бан­ски­от блок има ед­на ка­ра­кте­ри­сти­ка што трае од 1990 го­ди­на, а тоа е кон­стант­но­то опа­ѓа­ње на од­ѕи­вот кај ал­бан­ски­те гла­са­чи, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Ал­берт Мус­лиу. Тој оце­ну­ва де­ка по­стој­ни­те по­ли­тич­ки ели­ти не наш­ле на­чин ка­ко да ги мо­ти­ви­ра­ат Ал­бан­ци­те да из­ле­зат во по­го­лем број.

МУСЛИУ: Кај ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја, пак, има две цел­ни гру­пи. Ед­на­та е да се зе­ме од пор­ци­ја­та на по­стој­ни­те пар­тии и вто­ра­та да се пот­тик­нат не­мо­ти­ви­ра­ни­те гла­са­чи за да из­ле­зат во по­го­лем број. Тоа е ка­ра­кте­ри­сти­ка и на т.н. трет блок кај Ма­ке­дон­ци­те.

Во овој кон­текст, Се­ла би се на­со­чил кон гла­са­чи од ДПА и од не­мо­ти­ви­ра­ни­те, Бе­са ди­рект­но би ги од­бра­ла не­мо­ти­ви­ра­ни­те, РДК на Ос­ма­ни има иста цел­на гру­па со Се­ла, а пар­ти­ја­та Уни­те­ти  би це­ле­ла на гла­са­чи на ДУИ и на не­о­пре­де­ле­ни­те. Тоа се оп­ци­и­те и спе­ци­фи­ки­те во ал­бан­ски­от блок. Ко­га се­то ова би се иском­би­ни­ра­ло со акту­ел­на­та по­ли­тич­ка кри­за, тоа е мо­тив за но­ви­те пар­тии да нав­ле­зат по­ра­но во по­ли­тич­ка­та кам­па­ња и во про­це­сот на иден­ти­фи­ка­ци­ја на гла­са­чи­те. За раз­ли­ка од нив, ДУИ и ДПА зна­ат ка­де им се гла­са­чи­те.

Се­пак, ко­га би ус­пе­а­ле да се здру­жат си­те но­ви пар­тии, би има­ле по­го­лем ус­пех. Та­ка би по­кри­ва­ле по­го­лем ре­ги­он и би ги ком­би­ни­ра­ле сво­и­те раз­лич­ни вли­ја­ни­ја. Ако одат по­де­ле­ни, си­ла­та ќе им би­де по­ма­ла.

Во овој кон­текст, Мус­лиу не иск­лу­чу­ва ду­ри ни ко­а­ли­ци­ја ме­ѓу Се­ла и Остре­ни. Ве­ли и де­ка РДК на Ос­ма­ни има за­бе­ле­жа­но и ус­пех, Се­ла ми­на на ло­кал­ни­те из­бо­ри, а Уни­те­ти и Бе­са тре­ба да ви­дат ка­де се. Пре­су­ден фа­ктор за ус­пе­хот, спо­ред не­го, би бил из­бор­ни­от мо­дел, од­нос­но, да­ли ќе се за­др­жи по­стој­ни­от или ,по­ве­ро­јат­но, ќе се оди на ед­на из­бор­на еди­ни­ца. Ду­ри и со се­гаш­ни­от мо­дел, Мус­лиу ве­ли де­ка две од овие  на­ве­де­ни че­ти­ри пар­тии ќе вле­зат во пар­ла­мен­тот со ма­кар еден пра­те­ник, но не са­ка да открие кои.

Со што би на­ста­пи­ле но­ви­те пар­тии на из­бо­ри­те ка­ко ос­но­ва на про­гра­ма­та?

МУСЛИУ: Тие ќе игра­ат на лич­ни­от ин­те­гри­тет, прин­ци­пи­ел­но­ста и не­ко­руп­тив­но­ста нас­про­ти по­стој­ни­те ли­де­ри. Ќе се про­мо­ви­ра­ат ка­ко лу­ѓе што се бе­ком­про­мис­ни во од­нос на ин­те­ре­си­те на ал­бан­ски­от на­род.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 161. број на неделникот „Република“, 2.10.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top