| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Дуковски, драматург: Нез­на­е­ње­то и пре­дра­су­ди­те се мај­ка на ба­ри­е­ри­те

На ју­би­леј­но­то, 40. из­да­ние на Млад отво­рен те­а­тар (МОТ) го­сту­ва тан­цо­ви­от те­а­тар „Ли­ди­ја Ли­тос“ од Ати­на, кој ќе ја из­ве­де прет­ста­ва­та на ма­ке­дон­ски­от дра­ма­тург со европ­ска про­ви­ни­ен­ци­ја Де­јан Ду­ков­ски. „Сме­там де­ка ре­жи­сер­ка­та на оваа прет­ста­ва Фен­ја Апо­сто­лу ус­пеа да нај­де мно­гу то­чен, же­сток и про­во­ка­ти­вен клуч за чи­та­ње на тек­стот и пре­диз­ви­ка го­ле­мо вни­ма­ние кај та­мош­на­та пуб­ли­ка. Ме­не ми е осо­бе­но дра­го што мо­и­те тек­сто­ви се ра­бо­тат во Гр­ци­ја, ве­ли Ду­ков­ски во ин­терв­ју за не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“

Де­јан Ду­ков­ски е ма­ке­дон­ски дра­ма­тург со европ­ска про­ви­ни­ен­ци­ја. Не­о­дам­на, на сце­на­та на Срп­ско на­род­но по­зо­ри­ште бе­ше из­ве­де­на пре­ми­е­ра­та на не­го­ви­от нај­нов текст „Ду­хот што оди“. Ре­жи­ја­та бе­ше на Але­ксан­дар По­пов­ски. Спо­ред пи­шу­ва­ња­та на срп­ски­те ме­ди­у­ми, пуб­ли­ка­та би­ла пре­за­до­вол­на и си­те ре­ак­ции би­ле во су­пер­ла­тив. Ду­ков­ски се на­де­ва де­ка скоп­ска­та пуб­ли­ка бр­зо ќе има шан­си да ја ви­ди прет­ста­ва­та. Во тек е ју­би­леј­но­то, 40. из­да­ние на Млад отво­рен те­а­тар (МОТ), на кој ќе би­де при­ка­жа­на прет­ста­ва­та на Ду­ков­ски „Дру­га­та стра­на“. Прет­ста­ва­та е во из­вед­ба на тан­цо­ви­от те­а­тар „Ли­ди­ја Ли­тос“ од Ати­на. Ова е вто­ро по­ста­ву­ва­ње на тек­стот на Ду­ков­ски во Гр­ци­ја.

„Ба­ри­е­ри“ е сло­га­нот на го­ди­наш­но­то ју­би­леј­но, 40. из­да­ние на МОТ. Ду­ков­ски, ка­ко мо­же чо­век да ги ур­не ба­ри­е­ри­те во сво­јот мо­зок?

ДУКОВСКИ: Со уче­ње и со пре­ис­пра­шу­ва­ње. Ко­га ви­кам уче­ње, не мис­лам на уче­ње на­па­мет. И, се раз­би­ра, со сом­не­ва­ње. Ка­ко прин­цот Хам­лет, кој се сом­не­ва во си­сте­мот што го оп­кру­жу­ва. Гле­да де­ка е не­што гни­ло во др­жа­ва­та Дан­ска. Чич­ко му спие со мај­ка му, бра­тот на кра­лот со кра­ли­ца­та. И глав­ни­от лик на мо­ја­та но­ва дра­ма се сом­не­ва де­ка си­сте­мот е гнил и не­пра­ви­чен и трг­ну­ва да го ури­ва. Нез­на­е­ње­то и пре­дра­су­ди­те се мај­ка на ба­ри­е­ри­те.

На 25 сеп­тем­ври на МОТ, на сце­на­та на МКЦ ќе би­де из­ве­де­на прет­ста­ва­та „Дру­га­та стра­на“ за ко­ја го на­пи­ша­вте тек­стот, а ќе го из­ве­де тан­цо­ви­от те­а­тар „Ли­ди­ја Ли­тос“ од Ати­на. Ова е вто­ро по­ста­ву­ва­ње на Ва­ши­от текст во Гр­ци­ја. По што оваа прет­ста­ва се раз­ли­ку­ва од таа што ја по­ста­ви те­а­та­рот „9 Каи Ка­ти“ од Ати­на пред ре­чи­си ед­на де­це­ни­ја?

04 (Custom)

Дру­га стра­на“ е дра­ма што се слу­чу­ва во еден апо­ка­лип­ти­чен пос­тво­ен кон­текст

 

ДУКОВСКИ: Факт е де­ка тек­стот по пр­во­то чи­та­ње не пре­диз­ви­ка тол­ка­во вни­ма­ние во Гр­ци­ја кол­ку по оваа из­вед­ба. Јас лич­но сме­там де­ка ре­жи­сер­ка­та на оваа прет­ста­ва Фен­ја Апо­сто­лу ус­пеа да нај­де мно­гу то­чен, же­сток и про­во­ка­ти­вен клуч за чи­та­ње на тек­стот. Ка­ко ед­на транс­ве­сти­ја на све­тот во кој ли­ко­ви­те се бо­рат за смис­ла. Во прет­ста­ва­та има и мно­гу ко­ре­о­гра­фи­ја и фи­зич­ки те­а­тар. А се наг­ла­су­ва и остри­на­та и же­сти­на­та на тек­стот. Ка­ко и да е, пре­диз­ви­ка мно­гу го­ле­мо вни­ма­ние кај та­мош­на­та пуб­ли­ка. Ме­не ми е осо­бе­но дра­го што мо­и­те тек­сто­ви се ра­бо­тат во Гр­ци­ја.

„Дру­га­та стра­на“ е дра­ма за чо­веч­ки­те со­ни­шта и за бор­ба­та на лу­ѓе­то да са­ка­ат и да би­дат са­ка­ни ко­га се за­ро­бе­ни во ед­на уни­ште­на др­жа­ва. Кој по­бе­ду­ва во бор­ба­та? Се гле­да ли свет­ли­на­та од тем­ни­на­та?

ДУКОВСКИ: „Дру­га стра­на“ е дра­ма што се слу­чу­ва во еден апо­ка­лип­ти­чен пос­тво­ен кон­текст. Ли­ко­ви­те по пат ги за­гу­би­ле сво­и­те иде­а­ли, сво­и­те со­ни­шта и вер­ба во акту­ел­ни­от си­стем на вред­но­сти или, во­оп­што, во си­сте­мот. Нив­ни­те при­каз­ни се ка­ко отсеч­ки за­гу­бе­ни ме­ѓу тоа што би са­ка­ле или ка­ко би тре­ба­ло да би­де и тоа што би­ло. Тие ве­ќе ја за­гу­би­ле бор­ба­та и се­га очај­нич­ки ба­ра­ат ка­ква би­ло слам­ка за спас. Очај­нич­ки ба­ра­ат тро­шка љу­бов. Ка­ко свет­ли­на на кра­јот од ту­не­лот.

Скоп­је во сеп­тем­ври се­ко­гаш ми­ри­са на МОТ. Оваа го­ди­на фе­сти­ва­лот прос­ла­ву­ва ју­би­леј. Што е за Вас МОТ? Што до­не­се до­се­га, мис­лам на из­ми­на­ти­те че­ти­ри де­ка­ди, овој Фе­сти­вал? Да­ли МОТ се­ко­гаш бил отво­рен?

ДУКОВСКИ: МОТ е фе­сти­вал што го знам уште од мо­е­то дет­ство. На не­кој на­чин е вр­зан и со мо­и­те по­че­то­ци во све­тот на те­а­та­рот и ве­ќе од вре­ме на мо­и­те сту­дии бев актив­но вклу­чен во не­го­во­то ор­га­ни­зи­ра­ње. Из­ве­сен пер­и­од бев и член во фе­сти­вал­ски­от од­бор. МОТ е фе­сти­вал што рас­те, се над­гра­ду­ва и ме­ну­ва, се бо­ри за ви­сок стан­дард и ква­ли­тет… тоа што е нај­бит­но, пре­ми­са­та на овој фе­сти­вал да би­де млад и се­ко­гаш отво­рен за но­ви тен­ден­ции и фор­ми во те­а­та­рот е тоа што го пра­ви уни­ка­тен и ин­те­ре­сен. Исто та­ка, горд сум што мно­гу мои прет­ста­ви го­сту­ва­ле на овој фе­сти­вал низ го­ди­ни­те на­на­зад. Сѐ ми се чи­ни де­ка ста­ре­е­ме за­ед­но.

На сце­на­та на Срп­ско на­род­но по­зо­ри­ште во Но­ви Сад пред не­кол­ку де­на се слу­чи пра­из­вед­ба­та на Ва­ши­от пос­ле­ден текст „Ду­хот што оди“, а прет­ста­ва­та ја ре­жи­ра­ше на­ши­от Але­ксан­дар По­пов­ски. За што се го­во­ри во тек­стот и ка­ко по­ми­на­вте на пра­из­вед­ба­та?

ДУКОВСКИ: Да би­дам искрен, јас сум сѐ уште под им­пре­сии од прет­ста­ва­та и од ат­мо­сфе­ра­та на пра­из­вед­ба­та. Тоа е мој нов текст и за ме­не бе­ше иск­лу­чи­тел­но важ­но да ја ви­дам оваа не­го­ва пра­из­вед­ба. Тек­стот е при­каз­на за чо­век на кој му е на­не­се­на не­прав­да и трг­ну­вај­ќи во бор­ба за сво­и­те пра­ва тој сфа­ќа де­ка не­прав­да­та е во це­ли­от си­стем, па та­ка трг­ну­ва да го ури­ва си­сте­мот со хип­но­тич­ка моќ на убе­ду­ва­ње и на уби­ва­ње… Ед­на лу­цид­на па­ра­фра­за на Хам­лет. Сре­ќен сум што по­втор­но ра­бо­ти­ме за­ед­но со Ацо (Але­ксан­дар По­пов­ски, н.з.) и мис­лам де­ка ус­пе­ав­ме да на­пра­ви­ме го­ле­ма прет­ста­ва. Од са­ми­от по­че­ток и низ це­ли­от про­цес на ра­бо­та, ат­мо­сфе­ра­та кај це­ла­та еки­па бе­ше фан­та­стич­на и си­те беа ап­со­лут­но среќ­ни и за­до­вол­ни. Се ра­бо­ти за иск­лу­чи­тел­ни акте­ри и ток­му таа ко­ле­ктив­на по­зи­тив­на енер­ги­ја мо­же да се по­чув­ству­ва и на са­ма­та сце­на. Ко­га по­стои тој тип енер­ги­ја во воз­ду­хот оста­ну­ва еден пе­чат што се­ко­гаш се чув­ству­ва од дру­га­та стра­на на сце­на­та. Ацо е го­лем ре­жи­сер во врв­на фор­ма и мис­лам де­ка со прет­ста­ва­ва ус­пе­ав­ме да до­стиг­не­ме еден те­а­тар­ско-естет­ски врв. Пуб­ли­ка­та бе­ше пре­за­до­вол­на и си­те ре­ак­ции беа во су­пер­ла­тив. Лу­ѓе­то од те­а­та­рот ре­коа де­ка не па­ме­тат ко­га пос­ле­ден пат им се слу­чи­ла ва­ква прет­ста­ва. Се на­де­вам де­ка скоп­ска­та пуб­ли­ка бр­зо ќе има шан­си да ја ви­ди прет­ста­ва­та. Нај­ве­ро­јат­но уште во октом­ври на „Шку­пи фест“.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top