| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечката дипломатија предупредува на нов, поголем бегалски бран

словенија

Словенија успешно одговори на првиот поголем прилив на бегалци, но сега може да се очекува нов бран, уште поголем, предупреди словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец.

Тој на Конференцијата за бегалци и миграциските текови во источниот Медитеран и Западен Балкан која се одржува во Луксембург истакна дека ваквите очекувања се засноваат врз податоците од грчко-македонската граница, која вчера ја преминале 10.000 бегалци.

Ерјавец нагласи дека „Словенија би можела да се најде во проблеми и доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан го спроведе планот за затворање на границата со Хрватска“.

– Факт е дека во Србија има околу 150.000 бегалци, а дека грчко-македонската граница ја преминале нови 10.000 лица. Сите овие луѓе одат некаде, остакна шефот на словенечката дипломатија, додавајќи дека развојот на ситуацијата зависи од потезите на Германија, Австрија и другите земји кон кои се упатиле бегалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top