| четврток, 6 декември 2018 |

Џамбазов ве праќа во срцето на популарните радовишки „башчи“

ribnik 1

Шоуменот Игор Џамбазов, човекот што го познава секое ќоше во нашата Македонија, преку профилот на „Фејсбук“ на неговата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска препорачува места што, веројатно, никогаш не би ви текнало да ги посетите. Како што вели, се работи за места со душа – прекрасни, скромни местенца каде што главни се само хомосапиенсите…тие го прават местото…

ribnik

Овојпат Џамбазов и Емилија ве праќаат Рибник Таушанови во Радовиш.

ribnik 3

-На само 5 минути возење од центарот на Радовиш, во срцето на популарните радовишки „башчи“, се наоѓа едно мало парче земја претворено во рај. Ова место со душа, многу повеќе душа отколку што е дозволено, му е омилено на газдата мој, а особено мене. Тука се запознавме, тој и јас. Оној ден, кога мајка ми ме остави на прашливиот пат, и ми рече сама да се снаоѓам во животот, беше најтажниот ден за мене. Но само после неколку часови талкање низ шумата, истиот тој ден стана и мојот најсреќен. Ако е воопшто среќа тоа – првиот хомо-сапиенс што ќе го сретнеш во животот – да биде газдава мој. Таа вечер падна и неговата одлука – да ме земе со себе во големиот град. Тука за прв пат пробав паштета, млеко од тетрапак, торта и тазе риба без коски. Тука прв пат слушнав музика. Оти кога ќе се спојат дедо Славе, чичо Мачка, тетин Дејан и стрико Џамши, па и газдава мој – животот ептен се претвора во музика. Тука научив да го сакам животот. И да му се радувам. Тука во овие бавчи, јас станав Бавчанска… – „напиша“ Емилија Џамбазова Бавчанска.

ribnik 2 ribnik 3

Доколку патот ве води на друг крај, или веќе сте биле на ова место, тогаш послушајте друг совет од Џамбазов, на пример поминете кај Тони Мишинката во Василево или кај газда Аце во Слепче. Добар избор би било и гевгелиското локалче Кај Кико и Иван или Радост на Широк сокак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top