| четврток, 6 декември 2018 |

Јахјага: Активностите на опозицијата се одвратни

kosovo parlament dimnaКосовската опозиција денеска пушти солзавец во Парламентот за да блокира жестоко оспоруван предлог закон, што предизвика критики од страна на Владата. Владата соопшти дека неколку пратеници биле принудени да побараат медицинска помош по насилниот акт од страна на група опозициски пратеници. Опозицијата во доминантно албанското Косово се обидува да го блокира  законот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

Премиерот Иса Мустафа, кого демонстрантите од опозицијата редовно го гаѓаат со јајца, доцна синоќа на Фејсбук изјави дека нема да потклекне под притисокот.

jajca kosovo Заедницата на српски општини е дел од пошироката спогодба постигната со посредништво на Европската унија, постигната меѓу Србија и нејзината поранешна покраина Косово, со цел да дојде до нормализирање на животот на Балканот. Опозицијата инсистира спогодбата за Заедницата на српски општини да биде повлечена бидејќи, како што тврди, таа го нарушува суверенитетот на Косово.

Во владиното соопштение се осудува насилството на опозициската група од чии активности настрадаа пратениците, кои веќе побарале медицинска помош.

Косовската претседателка Атифете Јахјага ги осуди „одвратните активности“ на опозициските пратеници. Концептуалните и политички разлики треба да бидат дебатирани со силата на аргументите и парламентарната култура, се вели во соопштението на претседателката Јахјага.

Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели го продолжи заседанието на законодавниот дом повикувајќи ја опозицијата да учествува во дебата за  спогодбата со Србија, „за заедно да ги изразиме нашите резерви или поддршка за бриселската спогодба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top