Изборен молк, Втор круг гласање за Локалните избори 2013. Гласањето за избор на градоначалник во втор круг ќе се одвива во 28 општини и во градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица, на едно во Долнени и на 13 избирачки места во Чаир. Право на глас имаат 1.103.175 граѓани на 1.614 избирачки места. Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните лица, граѓаните што се наоѓаат на издржување мерка домашен притвор и внатрешно раселените лица. Во вториот круг право на глас имаат 988 затвореници и 73 раселени лица.
Втор круг на гласање ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и во градот Скопје.
Во Струмица првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места, каде што има вкупно 3.255 гласачи.
Во скопската општина Чаир ќе се прегласува на 13 избирачки места, кои ДИК ги поништи по утврдувањето дека таму е направен сериозен изборен фалсификат.
Во градот Скопје на 536 избирачки места правото на глас ќе можат да го остварат 444.259 граѓани.
Првичните резултати од изборите ДИК треба да ги соопшти најдоцна до седум часот наутро, в понеделник, 8 април, а конечните резултати во рок од 24 часа од денот кога тие ќе станат конечни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


