Кристал Мекви од Оклахома тврди дека разговарала со Бога, и тоа на 10 декември во 2009 година кога при медицинска интервенција целосно и застанало чукањето на срцето и престанала да дише. Таа изјавила дека во еден момент кога ги затворила очите во болницата во која што престојувала тогаш ги отворила дури на „небото“.
– Видов ангели и го видов Бога, и паднав пред него – раскажала Кристал.
Таа рекла дека со човечки зборови не може да го опише Бога ниту пак може да каже како изгледа небото. Тврди дека Бог два пати ја прашал дали сака да се врати на земјата и таа два пати одговорила дека сака да остане. Бог сепак повторно ја пратил на земјата, и покрај нејзиното противење, но претходно ја ослободил од чувството на вина и срам. Таа своето искуство го
опишала и во книгата „Будење на небо“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


