Учениците во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во општина Влае се во паника. Полицијата не дозволува да го напуштат училиштето, откако „алфи“ спровеле акција за приведување разбојници. Според неофицијални информации, околу 14 часот и 10 минути тие се обиделе да ограбат банка на главната улица „Стопанска Банка“, по што имало голема престрелка на булеварот „Партизански одреди“.
Специјалните полициски единици „алфи“ веднаш интервенирале, бил изрешетен еден автомобил и се слушале сирени од полициски и болнички возила.
Од МВР потврдуваат дека имало разбојништо, но не даваат детални информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.