| четврток, 6 декември 2018 |

Елдорадо во Елбасан, злато нема, ама играат Албанија и Србија (фото+видео)

1

На цели 5 и пол часа до почетокот на мечот меѓу Албанија и Србија во Елбасан врие како во кошница.

Една од улиците кои водат до „Елбасан арена“ е преполна со луѓе кои со нетрпение го очекуваат историскиот меч за Албанија, против големиот ривал Србија. За домаќините влогот е огромен и од резултатски аспект, бидејќи победа речиси сигурно ги води на ЕП за првпат во историјата. И за Србија мечот  е од огромно значење, иако популарните „орли“ немаат никакви шанси за настап во Франција идната година.

Натпреварот се игра од 20,45 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top