Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун кој во последно време го заплашува Западот со нуклеарна војна, е всушнот голем љубител на западната култура.
30 годишниот контроверзен „Голем водач“ всушност практикува сосема поинакви навики од тие што им ги дозволува на неговите сонародници.
Информации за него и за неговиот живот е многу тешко да се дознаат, но од тие што светот ги дознал до сега, најинтересни се следните:
За време на студиите во Швајцарија од 1998 година до 2000 година, каде престојувал под друго име, обожувал да игра кошарка. Неговите колеги од факултетот велат дека тој воопшто не бил лош играч, но и дека многу се лутел кога губел. Од кошаркарите идол ми бил Мајкл Џордан.
Сакал брендирана облека, а за време на школувањето имал голема колекција на Најк патики.
Директорот на училиштето рекол дека никогаш не ги видел неговите родители, но професорите го опишале како вреден и амбициозен.
Интересно е и тоа што Ким има уникатна фризура во неговата земја, и никој друг не смее да има таква. Всушност, тој одредил неколку стилови на фризури кои се дозволени, па така нема што многу да се размислуваат мажите кога одат на бербер. За неговата голема физичка сличност со дедо му се претпоставува дека е виновна пластичната хирургија, затоа што народот повеќе го сакал од татко му.
Ким многу ги сакал и забавните паркови, па си направил еден специјално за него.
Ги сакал филмовите на Џејмс Бонд и акциите на Џеки Чен. Неговиот „другар“ Денис Родман го опишува како многу обичен човек кој многу сакал диско музика, особено од осумдесетитте.
Омилена песна уште од студентските денови му била „Brother Louie” на германската група „Modern talking” објавена во 1986 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)
-
Пеце Наумоски: Договорот ми беше на маса, го одбив „Чикаго Булс“ во времето на Џордан
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса




