„Засега немаме информации. Во догледно време ќе ја информираме јавноста за тоа“, им изјави на новинарите портпаролката на кинеското министерство Хуа Чунјинг, објави мкд.мк.
Пристигнувањето на специјалниот севернокорејски воз во пекинг со невообичаено силни мерки на безбедност поттикнаа шпекулации за можна посета на лидерот на Северна Кореја на Кина.
Тој треба да се сретне со претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин кон крајот на април и со претседателот на САД Доналд Трамп до крајот на мај. Иако не е најавена средба со кинескиот државен врв, Кина е еден од најзначајните сојузници на Северна Кореја, иако односите се влошени од развојот на нуклеарната и балистичката програма на Пјонгјанг.
Веста за возот ја јави јапонската агенција Кјодо, која наведе дека возот, кој пристигна вчера попладне, денес заминал од железничката станица во Пекинг.
Доколку биде официјално потврдено, ова ќе биде првата посета на Ким Јонг Ун на странска земја од неговото доаѓање на власт во 2011, која ја наследи функцијата од својот татко Ким Јонг Ил.
Јапонската телевизија ННН објави снимки од возот како личи на официјалниот воз на Ким Јонг Ил на железничката станица во Пекинг.
Сведоци изјавија дека на станицата имало невообичаено голем број припадници на кинеските безбедносни сили и дека било засилено полициското присуство пред дипломатската резиденција во која отседнувал покојниот севернокорејски лидер при посетите на Пекинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.