| четврток, 6 декември 2018 |

Робен се врати на тренинзите, подготвен е за настап за Баерн Минхен

roben

Холандскиот офанзивен фудбалер, Арјен Робен се врати на тренинзите за својот клуб Баерн Минхен и е во полн тренажен процес по повредата која го оддалечи од терените повеќе од еден месец.
Тој го повреди бутниот мускул во репрезентативниот настап за својата репрезентацијата во поразот од Исланд на домашен терен од 0-1 по што пропушти голем дел до стартот на сезоната.
Неговиот последен настап за Баерн му беше на 29.август во натпреварот против Баер Леверкузен.
Доколку се биде в ред, Робен би можел да конкурира за составот на Пеп Гвардиола за мечот против Вердер на 17 октомври, како и три дена подоцна на дуелот против Арсенал во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top