Иво Карловиќ испадна во третото коло на турнирот во Пекинг, но има причини за радост, бидејќи е новиот тениски крал на асовите со неверојатна бројка од 10.247 директни поени од сервис.
Куевас беше подобар од хрватскиот џин, на кого не му помогнаа ниту 26 аса за да се пласира во следното коло во Пекинг, а за утеха му остана врвот на листата на најдобри сервери во историјата на играта. Карловиќ го мина сонародникот Горан Иванишевиќ, па моментно има интересна ситуација со двајца Хрвати на позициите еден и два.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.