| четврток, 6 декември 2018 |

Белоруската писателка Светлана Алексиевич е добитничка на Нобеловата награда за литература

Белоруската писателка и новинарка Светлана Алексиевич е добитничка на годиаешната Нобелова награда за литература. Шведската академија ги наведе нејзините „полифонични дела, споменик за страдањата и храброста на нашето време“, како причина за доделувањето на наградата.

Алексиевич, 67 години, е 14. жена што ја добива наградата и беше една од 198 годинешни номинирани.

Алексиевич известува за некои од најважните настани кои имаа влијание врз Белорусија за време и по Студената војна, вклучително и нуклеарната катастрофа во Чернобил, Советско-Авганистанската војна и падот на Советскиот Сојуз.

Две од нејзините најпознати книги се „Гласовите од Чернобил“ во која се поместени сведочења на очевидци, и „Половно време“ во која се раскажува за советските генерации кои живеат во денешниот свет.

Алексиевич важеше за еден од фаворитите за наградата. Се споменуваа и Нгуги ва Тионго од Кенија, сирискиот поет Адонис, норвешкиот автор Џон Фосе и Харуки Мураками од Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top