| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола го напушта Баерн на крајот од сезоната?!

Познатиот шпански весник „Ел Мундо Депортиво“ утринава излезе со бомбастична информација дека стратегот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола ќе го напушти клубот на крајот од сезоната и ќе премине во редовите на Манчестер Сити.
Новинарот Францеск Агилар кој неколкупати имаше точни информации кога се работи за шпански фудбалери и нивните трансфери, потенцира дека Пеп веќе се договорил со Сити и нема да потпише нов договор со „баварците“ на крајот од годината.
Ова се случува кога Баерн игра најдобар фудбал, и без разлика на противниците тие можат да постигнат по пет гола. Тоа се должи најмногу на Гвардиола кој иако беше критикуван поради кадровските измени во составот во летниот преоден рок, тој докажа дека може да се игра и без главните играчи во тимот. Робен и Рибери се повредени, а летово го продаде и Швајнштајгер кој не се снаоѓа најдобро во Манчестер Јунајтед.
Повеќе од сигурно е дека и во третата сезона на клупата на Баерн ќе ја освои титулата во домашниот шампионат и според игрите кои досега ги покажува тимот, е еден од најсериозните кандидати за освојување на Лигата на шампионите оваа година.
Ваквите информации зачудуваат затоа што и Мануел Пелегрини, менаџерот на Манчестер Сити има одлични резултати во Премиерлигата и се наоѓа на врвот на табелата.
Ваквите најави ќе внесат немир во раководството на Баерн бидејќи тие посакуваат да го продолжат договорот со Гвардиола до крајот на оваа календарска година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top