| четврток, 6 декември 2018 |

Дефиниција за хаос: Како изгледа кога Кинези се враќаат од одмор (ВИДЕО)

Сцената која ќе ја видите пристига од Кина и открива како изгледа кога граѓаните од Пекинг се враќаат дома после одмор, односно по прославата на Денот на државноста (од 1 до 7 октомври).

kina guzva

За жал, локалните медиуми не открија колку тие колони биле долги, но затоа појасниле дека „чворот“ од снимките настанал затоа што властите наредиле да се постават нови контролни точки точно после излезот од автопатот, кој има дури 50 ленти.

За потсетување колкави гужви и хаос може да се создаде во Кина, ќе се вратиме во 2010 година кога буквално беше блокиран цел автопат, а колоните биле долги и преку стотина километри.

Во тој период некои возачи останале заробени на патиштата и по пет дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top