| четврток, 6 декември 2018 |

Подготвени руските одреди на смртта: Путин праќа елитни убијци да се пресметаат со исламистите (видео)

Џихадистие што бегаат пред нападите на руските сили наскоро би можеле да се најдат во уште поголеми проблеми. Рускиот претседател решил да ги испрати припадниците на најелитната единица на руската војска – „Спецназ“.

Screenshot_1

Припадниците на „Спецназ“ поминале ригорозни тренинзи и се вбројуваат во најнемилосрдни убијци на светот.

Екстремно се агресивни и  врвно тренирани. Тие се таму да почистата по воздушните напади, повикаат воздушен напад, одат на тајна мисија против бунтовниците и на крајот целосно ги уништуваат, кажал извор од војската за англискиот „Мирор“.

На нив ќе се гледа како на британски или американски војници. Тие се таму само со една цел, да го уништат секј што му се заканува на Асад. Под кои било услови. Тие ќе ја сменат позицијата на Русија на Медитеранот и на Средниот Исток.

Од почетокот на нападите на базите на ИСИЛ руските воздушни сили успеале на џихадистите да им уништат 50 стратегиски објекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top