| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 23-годишна девојка: Сакала да сними фотографии на раб на амбис, се лизнала и паднала (фото)

Младата Британка Зои Волмер (23) загина кога со група туристи била во Кингс Кањон во Австралија.

Zoe_Walmer-1

Инцидентот се случил во јуни, а истрагата е завршена вчера. Заклучокот е дека  девојката настрадала откако се обидела да направи што поатрактивна фотографија до работ на кањонот. Попрецизно, се обидела да зазема поза како да паѓа во вамбис, но се лизнала и навистина паднала.

Zoe_Walmer-3

Девојката од Хертфоршир имала работна виза за Австралија од 12 месеци, но нејзината авантура, која била планирана како пријатен тридневен излез и посета на националните паркови, завршила со несреќа на северните територии на оваа држава.

Та паднала од висина од 15 метри и добила тешки повреди. Починала по помалку од еден час. Утврдено е дека имала фрактура на черепот и крвавење во мозокот.

Уште еден британски туристи  во 1996 година загинал на истото место во речиси сличен обид како несреќната девојка.

Zoe_Walmer-2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top