| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена најопасната жена на светот!

жена

Една од најпознатите жени убијци во Мексико, Мелиса Маргарита Калдерон Оједа (31) уапсена е откако ја предал партнерот, кој се спогодил со властите и во замена за информација за неа добил помала затворска казна.

Калдерон Оједа, во светот на мексиканското подземје е позната како „La China” и се верува дека се наоѓа на чело на група на убијци која брои повеќе од 300 членови. Се смета дека е одговорна за повеќе од 150 убиства во период од 10 години во мексиканската покраина Баха Калифорнија Сур.

Мексиканските власти известиле дека е уапсена на 19 септември без ниту еден испукан куршум, благодарејќи на податоците за нејзиното скривалиште.

Меѓутоа, според информациите на медиумите, била предадена од нејзиниот партнер Хектор Камарена Гомез, кој бил уапсен претходно. Калдерон Ојдеа е уапсена на аеродромот Лос Кабос на северот на Мексико и со тоа е прекината нејзината „кариера“.

Во светот на криминалот влегла во 2005 година, започнувајќи љубовна врска со припадник на картелот Дамасо, кој бил поврзан со најпознатиот мексикански наркокартел Синалоа, пренесува „Индепендент“.

Иако станува збор за свет во кој доминираат мажите, Калдерон Оједа успеала да дојде до самиот врв на организацијата.

Мајк Вигил, поранешниот шеф за меѓународни операции во американската агенција за борба против дрога „ДЕА“, изјави дека Калдерон Оједа раководела со една од единиците на картелот Дамасо. За „Телесур ТВ“ изјави дека Калдерон бил една од најмоќните жени во мексиканските картели.

-Многу малку жени успеваат да се пробијат до врвот. Ретко која поседува толкава бруталност и вештина како неа – изјави Вигил.

Калдерон Оједа е обвинета дека извршила девет убиства. Според британскиот „Дејли Меил“ во јуни го напуштила картелот Дамасо, откако шефот на таа организација, Абел Куинтеро е пуштен од затвор.

Калдерон се одлучила да направи сопствена организација па поради тоа дошло до бран на насилства меѓу двете ривалски банди во Баха Калифорнија Сур, поточно во градот Ла Паз, кој е позната туристичка дестинација. Бидејќи „зад петици“ и биле и поранешните соработници и полицијата, била присилена се почесто да ги менува автомобилите и засолништата.

Бегајќи од своите непријатели, зад себе оставала траги од мртви тела, а кога бил уапсен нејзиниот партнер Камарена Гомез, властите дознале каде се крие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top