Анета Наковска деновиве е во Лас Вегас, Невада, заедно со нејзиниот партнер со охриѓанецот Спиро, кој долги години живее во Америка.
Македонската фолк-пејачка ја искористила оваа посета за да ја официјализира својата врска со саканиот. Според „Либертас“ таа тајно се омажила во Лас Вегас.
На „Фејсбук“ фолкерката сподели неколу фотографии од нејзината авантура.
Неодамна, кога за нејзиниот роденден доби подаро 101 роза од Спиро, таа пресречно порача дека неверојатно е чувството кога саканиот ќе ви направи вакво изненадување за роденденот.
– Епа најмил мој, мажу мој љубен, утрово кога го добив букетов знаеш дека ми се насолзија очите, но не знаеш дека на денешниов ден посакав токму 101 роденден заедно двајцата да си славиме еден дааааалечен ден… Многу ти благодарам љубов за ова прекрасно изненадување. Да, јас си почекав подолго во животот, ама вредело се, бидејќи принцот си го дочекав – напиша таа Наковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.