„Превенција од провални кражби“ е темата на средбата што Секторот за внатрешни работи од Охрид заедно со општинските власти денеска во 18 часот го организира со граѓани и претставници на фирми од градот.
На состанокот што ќе се реализира во соработка со Секторот за комунален развој при општина Охрид поканети се председатели на урбани заедници, заедници на станари, фирми што стопанисуваат со станбените објекти и заинтересирани граѓани од неколку поголеми станбени објекти во градот.
На средбата е предвидено инспектор за превенција по криминалистички работи да одржи едукативно предавање со совети за субјектите како да се обезбедат и да спречат кражби во нивните објекти. На средбата предвидени се наменски осврти и на одредбите од Законот за домување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.