Дванаесеттиот Моден викенд Скопје под мотото „Модата и културното наследство“, на 21 октомври во Музејот на Македонија ќе го отвори модна изложба составена од финалните дела произлезени од неколкумесечниот проект „Модата и културното наследство“, додека ревијалниот дел стартува ден подоцна и ќе трае до 25 октомври.
Модната изложба „Свадбени приказни“ со која ќе започне сезоната есен/зима 2015/2016 е во реализација на Британскиот совет во Македонија како организатор, и Европски универзитет – Р. Македонија со Музеј на Македонија како партнери. Студентите од моден и графички дизајн, во соработка со студентите од дизајн на ентериер и кустосите од Музејот, на изложбата ќе претстават приказни преку кои ќе дадат свои, современи интерпретации на облеката, текстилот и накитот од локалните свадбени традиции.
Во текот на целиот Моден викенд во Музејот, по прв пат ќе се случуваат и кино-проекции. Освен краткиот филм „ Четврток“ на Милчо Манчевски, ќе бидат прикажани и други македонски кратки филмови поддржани од Aгенцијата за филм на РМ и проекции на модни филмови од програма обезбедена од Британски совет во Македонија.
Веќе следниот ден на 22 октомври, посетителите на Моден викенд Скопје ќе имаат можност да ја видат ревијата на Игор Марков во Музејот на Град Скопје. Последните три дена ( 23, 24 и 25 октомври) ќе се одвиваат во Музејот на Македонија, кадешто ќе ги видиме најновите колекции на Јована Филиповиќ, Елена Спасовска , познатата косовска дизајнерка Венера Мустафа , турскиот моден бренд „Кигили“, Митко Занов, Ирина Тошева, Роберт Ивановски, Кристина Цветковска, Олгица Ѓоргиева и првпат во Македонија руската модна куќа „ N by Z“.
Моделите на модна куќа „N by Z“ која работи една деценија ги потпишува дизајнерката Наталија Злодјарева. Познатата руската модна куќа годишно лансира по две нови колекции и 7 капсулни колекции со ограничена серија а креациите се продаваат во Русија, Шпанија, Грција, Италија и други европски земји.
Како дел од новата сезона на Моден викенд Скопје, ќе биде реализиран и проектот „Професионално менторство, соработка и размена на знаења и техники меѓу дизајнерите и фабриките “ кој е поддржан од Министерството за економија на РМ, односно Секторот зa претприемништво и иновации. Проектот резултираше со соработка помеѓу дизајнерката Ирина Тошева и македонската фабрика за спортска гардероба „Цеботекс“.Колекцијата ќе биде премиерно прикажана во декември.
Концепт-дизајнот за визуелниот имиџот на Моден викенд Скопје 12 го потпишува Јована Зука.
Генерален покровител на настанот е Општина Чаир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мијата манекенка на Моден викенд Скопје
-
Олгица Ѓоргиева го затвори 17. издание на Моден викенд Скопје
-
Олгица Ѓоргиева, моден дизајнер: „Мемоарите на една гејша“ е колекција која лесно се прилагодува за секакви настани
-
Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска ќе го отворат 17. Моден викенд, Олгица Ѓоргиева го затвора пролетното издание