| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 13 загинати и 38 повредени на свадба во Јемен

Најмалку 13 луѓе загинаа и 38 се ранети во бомбашки напад што се случил за време на венчавка во куќа во Санбан, град под контрола на бунтовничките сили јужно од Сана,пренесе МИА.

jemen

Санбан се наоѓа во провинцијата Дамар на околу 100 километри јужно од Сана.

Сведоци на трагедијата ја обвинуваат коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

– Авиони на коалицијата го извршија нападот. Куќата е целосно уништена. Пред нападот се слушнаа авиони, изјави очевидец. Минатиот месец најмалку 130 луѓе загинаа за време на свадба во удар од воздух за кој постои сомневање дека го извршиле коалициските сили.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top