| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалски судии од терен директно во притвор- наместиле натпревар за партија секс

libanski sudiiТројца фудбалски судии од Либан се притворени под сомнение дека наместиле меѓународен натпревар од азискиот фудбалски куп во Сингапур во замена за сексуална услуга.

Али Сабаг (34) и неговите помошници Али Еид (33) и Абдула Талеб (37) ќе останат во притвор до сослушувањето, а потоа судијата ќе одреди дали ќе им дозволи да се бранат од слобода. Тројцата Либанци се соочуваат со затворска казна од пет години и парична казна од 81.000 долари.

Тие биле приведени по натпреварот меѓу сингапурскиот Тампинес Роверс и индискиот Ист Бенгал што го добиле гостите со 4-2.

Истрагата утврди дека обвинтеите судии се „наградени“ со сексуални услуги во замена за местење на натпревар. Три девојки им дале сексуални услуги во хотел, велат од сингапурската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top