| четврток, 6 декември 2018 |

Очекуван пораз, Црна Гора – Македонија 21-14

makedonija rakomet

Женската ракометна репрезантација со нов селектор и подмладен состав ги започна квалификациите за Европското првенство 2016 година.
Во Бар, Црна Гора избраничките на селекторот Симевски вечерва загубија со 21-14 од домашната репрезентација.
Нашите ракометарки покажаа дека со храбра игра знаат одлично да заиграат во одбрана, но како проблем дефинитивно се наметнува нападот, со оглед на бројката од само 14 постигнати погодоци.
Македонските ракометарки слабо го започнаа натпреварот. Имаа големи проблеми во нападот и се до 19.минута имаа постигнато само два гола. Сепак до крајот на првото полувреме со серија од 4-1 усепаја да намалат на два гола негатива (8-6) за до полувремето се замине со четири гола предност за Црна Гора (12-8).
Стартот на вториот дел наликуваше на првиот. Реализацијата во нападот одеше тешко, а одбраната беше на потребното ниво.
Црногорските ракометарки рутински го приведоа мечот до крај, славејќи со конечни 21-14, но македонската селекција се прикажа во сосема солидно издание, со оглед на фактот дека му гостуваше на главниот фаворит за првото место во групата.

Елена Ѓорѓиевска со четири гола беше најефикасна во нашата репрезентација, додека најпрецизна на натпреварот беше домашната ракометарка Катарина Булатовиќ со шест погодоци.

Македонија вториот меч од овие квалификации го игра в сабота на домашен терен против селекцијата на Хрватска во СРЦ „Кале“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top