-Со денешниот нов концепт на Владата направен е еден натамошен важен чекор за и организациски да се излезе на крај со предизвиците во врска со големиот број бегалци, рече Де Мезиер, пренесоа германските медиуми кои вчера, најавувајќи го концептот, пишаа дека тоа, всушност, е шлаканица за де Мезиер.
„Веќе со недели владее хаос за бегалското прашање и сега на Ангела Меркел и е доста од тоа. Вкупната координација мора да биде поврзана во Канцеларската служба. Тоа е шлаканица за министерот за внатрешни работи“’, објави политичкиот магазин „Шпигел“’, со фотографијата на Мркел и Де Мезиер.
Печатот пишува дека канцеларијата на Алтмаер и натаму ќе биде во надлежност на министерот, но под водство на Канцеларската служба.
„Помошта за бегалците во Германија делува лошо организирана и од сите страни пристигнуваат критики. Сега пристигнува ново преструктурирање, а предводничката улога е на Канцеларската служба. Меркел сака нејзините најблиски луѓе да имаат одговорност…“, пишува германскиот печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



