Трофејниот италијански тренер Карло Анчелоти не планира враќање на тренерската работа се до крајот на оваа сезона.
Откако доби отказ од Реал Мадрид иако ја имаше комплетната подршка од играчите и навивачите на „кралскиот“ клуб, Анчелоти се одлучи да земе одмор од една година од фудбалот.
Последниот период беше поврзуван со менаџерската функција во Ливерпул, но тој е дециден и не сака да ја смени одлуката.
– Сега уживам во моето слободно време. Секако сакам повторно да се вратам на тренерскиот занает во фудбалот затоа што тоа е моја пасија. Но, сега сакам малку да одморам, а ќе се вратам за следната сезона – вели Анчелоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.