Францускиот интернационалец и член на Манчестер Сити изјави дека е задоволен од престојот во Манчестер и потсети дека нема намера да го напушти клубот. Тој не ја исклучува можноста да се пресели во МЛС американската лига, како што тоа го прават се повеќе европските ѕвезди на залезот на кариерите.
– Многу ми се допаѓа англиската Премиер лига и животот во оваа држава. Среќен сум тука, но може во иднина да заминам во МЛС-Лигата да пробам нешто друго. Тоа повеќе го преферирам отколку враќање во Франција – изјави Насри.
Тој е член на „граѓаните“ од 2011 година, и досега одигра на вкупно 158 натпревари и постигна 25 погодоци. За селекцијата на Франција дебитира во 2006 година, и настапи на 41 натпревар, но не е дел од плановите на актуелниот селектор Дидие Дешамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Хет – трик на Агуеро за нова победа на Манчестер Сити (видео)
-
Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас