САД предвреме ќе ослободат околу 6.000 затвореници од сојузни затвори за да се реши проблемот со нивната пренатрупаност, јавуваат американски медиуми.
На слобода ќе бидат оние кои се осудени на долги затворски казни поради криминални дела поврзани со препродажба на дрога.
Ослободувањето ќе се врши од 30 октомври до 2 ноември откако американската Комисија за помилување препорача намалување на казните за идни пресуди за продажба на дрога, објави Њујорк тајмс. Таквата препорака би можела да донесе предвремено пуштање од затвор на околу 46.000 луѓе, наведува Вашингтон пост.
Третина од оние кои предвреме ќе бидат ослободени се странски државјани и тие ќе бидат депортирани. Во американски затвори има 2,2 милиони затвореници и тоа е околу 25 отсто од вкупниот број осуденици во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.