| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен маж и свекор делеле правда во Делчевско

Во дворот од куќата на В.Ж.(33) дошол нејзиниот поранешен сопруг О.С.(48), заедно со неговиот татко М.С.(85), кој по вербалните закани упатени кон неа, во еден момент извадил нож.

-Во вербалната расправија се вклучил и В.С.(48), по што О.С. го нападнал со ножот прободувајќи го на десната рака, а потоа му нанел уште три убодни рани во пределот на десната нога – додека М.С. го удирал со дрвен предмет, информираат од полицијата.

О.С. и М.С. се приведени од страна на полициски службеници, а повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен во МЦ Делчево, од каде што по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top