| четврток, 6 декември 2018 |

Стариот Кастро му пиша на младиот Ким Јонг – биди одговорен, ќе го уништиш светот

Поранешниот претседател на Куба Фидел Кастро, го предупредил севернокорејскиот водач Ким Јонг Ун на погибјето кое му се заканува на светот поради евентуалниот нуклеарен судир. Кастро го повика Ун на одговороност.

Како што пренесува Ројтерс, стариот Фидел пријателски го пофалил младиот Ким дека му ја покажал силата на светот, но и татковски му порачал дека е време да покаже одговорност за другите.

–       Демократската Народна Република Кореја секогаш имала пријателски односи со Куба, а Куба ќе продолжи да биде со неа. Сега откако ги покажа сите свои технолошки и научни предности, потсетуваме дека има одговорност пред другите држави и своите пријатели. Не би било праведно да се занемари дека евентуална нуклеарна војна ќе погоди повеќе од 70 проценти од луѓето на Земјата, напишал 86 годишниот Кастро во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top