| четврток, 6 декември 2018 |

Нермин Теловска, логопед: За пелтечењето може многу да се направи

Во прет­школ­ска­та во­зраст нај­че­сто се пре­по­ра­чу­ва ин­ди­рект­ни­от трет­ман, тоа зна­чи со­ве­ту­ва­ње на ро­ди­те­ли­те, охра­бру­ва­ње, под­др­шка, да се на­у­чат ка­ко да ре­а­ги­ра­ат, ка­ко да се со­о­чат со тој проб­лем, ка­ко да ре­а­ги­ра­ат при мо­мен­ти­те на пел­те­че­ње, ве­ли Нер­мин Те­лов­ска, де­фе­кто­лог-ло­го­пед

Се­кое от­ста­пу­ва­ње од не­ко­ја про­сеч­на рам­ка на по­ја­ву­ва­ње на го­вор мо­же да прет­ста­ву­ва при­чи­на ро­ди­те­лот да се по­со­ве­ту­ва со ло­го­пе­дот, ве­ли во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“. Нер­мин Те­лов­ска, де­фе­кто­лог-ло­го­пед. Те­лов­ска е ма­ги­стер по де­фе­кто­ло­шки на­у­ки, гру­па ло­го­пе­ди­ја, а за­вр­ши­ла спе­ци­ја­ли­за­ци­ја за дисф­лу­ент­ни на­ру­шу­ва­ња во Бел­ги­ја, на уни­вер­зи­тет „Ле­зи­ус“ во Ан­твер­пен и спе­ци­ја­ли­за­ци­ја за пси­хо­мо­тор­на ре­е­ду­ка­ци­ја и ре­ла­кса­ци­ја на Ин­сти­ту­тот за мен­тал­но здрав­је во Бел­град. Би­ла на обу­ки за ло­го­пед­ска ма­са­жа во Со­фи­ја, а зад се­бе има и стру­чен пре­стој во Бенц­хајм, Гер­ма­ни­ја, Пор­то­рож, Сло­ве­ни­ја, За­греб, Хр­ват­ска. Те­лов­ска актив­но учес­тву­ва на мно­гу струч­ни кон­фе­рен­ции и на се­ми­на­ри.

 

Ко­га е ви­стин­ско­то вре­ме ро­ди­те­лот да го од­не­се на прег­лед сво­е­то де­те кај ло­го­пед?

ТЕ­ЛОВ­СКА: Од ра­ѓа­ње­то, во до­е­неч­ки­от пер­и­од, уште во пр­ва­та по­ло­ви­на на пр­ва­та го­ди­на, де­те­то пре­ку плач и во­ка­ли­за­ци­ја, по­на­та­му пре­ку про­дук­ци­ја на дру­ги гла­со­ви и во­ка­ли­за­ци­ја во вид на бр­бо­ре­ње и гу­га­ње, го за­поч­ну­ва ра­ни­от го­во­рен раз­вој. Ако има от­ста­пу­ва­ње на про­дук­ци­ја на гла­со­ви, ако до тре­ти­от ме­сец до­ен­че­то не пог­лед­ну­ва во очи, не­ма ре­ак­ци­ја на зву­ци, то­гаш тоа мо­же да би­де при­чи­на де­ка се ра­бо­ти за доц­не­ње на го­во­рен раз­вој. Исто та­ка, ако има хи­по­то­ни­ја око­лу уста­та, на ус­ни­те и ја­зи­кот, има проб­ле­ми со ци­ца­ње­то и со гол­та­ње­то, и тоа мо­же да би­де знак. Во про­сек, де­ца­та би тре­ба­ло по­ме­ѓу де­ве­ти­от и 15 ме­сец да го ка­жат и пр­ви­от збор со зна­че­ње. До 18 ме­сец де­те­то би тре­ба­ло да раз­би­ра нај­мал­ку не­кол­ку го­вор­ни на­ло­зи. По­на­та­му, ако не се раз­вие го­во­рот до вто­ра­та го­ди­на, ако де­те на две и пол­го­диш­на во­зраст не се изра­зу­ва со про­ста ре­че­ни­ца, ако на три го­ди­ни го­во­рот е со­се­ма не­раз­бир­лив или ако поч­не да пел­те­чи, зна­чи да по­вто­ру­ва одре­де­ни гла­со­ви, да ги про­лон­ги­ра или по­ра­ди спа­зам да не мо­же да го ка­же збо­рот, тоа се при­чи­на ко­га ро­ди­те­лот тре­ба да за­ка­же прег­лед кај ло­го­пе­дот.

 

Nermin Telovska 04 (Custom)

Во пр­ви­от обид за го­вор кај де­те­то не­ма по­до­бар мо­тив од нас­ме­вка­та на мај­ка­та

 

Кол­ку е важ­на уло­га­та на ро­ди­те­ли­те во те­ра­пи­ја­та?

ТЕ­ЛОВ­СКА: Уло­га­та на ро­ди­те­ли­те во те­ра­пи­ја­та е нај­важ­на. Ро­ди­те­ли­те се тие што по­ми­ну­ва­ат најм­но­гу вре­ме со сво­е­то де­те и тоа не са­мо во те­кот на те­ра­пи­ја­та и во трет­ма­нот. Уло­га­та на ро­ди­те­лот е во тоа да ја соз­да­ва ос­но­ва­та за раз­вој на ко­му­ни­ка­тив­ни­те ве­шти­ни и спо­соб­но­сти кај де­те­то и за раз­вој на го­во­рот. Уште пр­ва­та ин­те­рак­ци­ја мај­ка – де­те, ко­ја е син­хро­ни­зи­ра­на, прет­ста­ву­ва ос­но­ва за раз­вој на го­вор. Пр­во се раз­ви­ва не­вер­бал­ни­от го­вор. Мај­ка­та мо­же мно­гу да вли­јае со неј­зи­ни­от пог­лед, со неж­но га­ле­ње, со не­жен глас. Во пр­ви­от обид за го­вор кај де­те­то не­ма по­до­бар мо­тив од нас­ме­вка­та на мај­ка­та.

 

Освен проб­лем со из­го­ва­ра­ње на одре­де­ни бу­кви, по­стои и проб­лем со пел­те­че­ње. Да­ли се ле­ку­ва пел­те­че­ње­то?

ТЕ­ЛОВ­СКА: За пел­те­че­ње­то мо­же мно­гу да се на­пра­ви. Ин­ци­ден­ца­та се дви­жи од 4-5 про­цен­ти во ра­на дет­ска во­зраст ко­га се по­ја­ву­ва пел­те­че­ње­то ме­ѓу две и пол и три и пол­го­диш­на во­зраст. По­на­та­му, два до че­ти­ри про­цен­ти кај прет­школ­ски­те де­ца и еден про­цент кај во­зрас­ни­те ли­ца. Без раз­ли­ка ка­де жи­ве­ат и низ кој те­ра­пи­ски ме­тод по­ми­на­ле, се­пак, кај еден про­цент во­зрас­ни пел­те­че­ње­то оста­ну­ва. На­пра­ве­ни се мно­гу оби­ди и истра­жу­ва­ња во све­тот за да се раз­о­ткрие зо­што е тоа та­ка. Има до­ка­зи де­ка има по­вр­за­ност на пел­те­че­ње­то со ана­том­ски и со фи­зи­о­ло­шки стру­кту­ри, не­кои суп­тил­ни стру­кту­ри, по­на­та­му, по­вр­за­ност со не­у­ро­транс­ми­те­ри, ка­ко што се до­па­ми­нот и се­ро­то­ни­нот, исто та­ка ге­нет­ска­та ос­но­ва за пел­те­че­ње, а во по­но­во вре­ме акту­ел­ни се истра­жу­ва­ња­та на тем­пе­ра­мен­тот. Во ло­го­пед­ски­от трет­ман мо­же мно­гу да се на­пра­ви за пел­те­че­ње­то. Во прет­школ­ска­та во­зраст нај­че­сто се пре­по­ра­чу­ва ин­ди­рект­ни­от трет­ман, тоа зна­чи со­ве­ту­ва­ње на ро­ди­те­ли­те, охра­бру­ва­ње, под­др­шка, да се на­у­чат ка­ко да ре­а­ги­ра­ат, ка­ко да се со­о­чат со тој проб­лем, ка­ко да ре­а­ги­ра­ат при мо­мен­ти­те на пел­те­че­ње. За мла­дин­ци и за во­зрас­ни се пре­по­ра­чу­ва­ат два глав­ни ме­то­ди кои нај­че­сто се ком­би­ни­ра­ат со дру­ги ме­то­ди и тех­ни­ки, тоа се об­ли­ку­ва­ње на теч­но­ста на го­во­рот, зна­чи со еден по­за­ба­вен го­вор и мо­ди­фи­ка­ци­ја на пел­те­че­ње, што зна­чи мо­ди­фи­ка­ци­ја на са­ми­те мо­мен­ти на пел­те­че­ње, кое се ком­би­ни­ра со емо­ци­о­нал­на и со ког­ни­тив­на ре­кон­струк­ци­ја на лич­но­ста.

 

Ако ста­ну­ва збор за по­комп­ле­ксен слу­чај, да­ли е по­треб­но цел тим да уче­сту­ва во ле­ку­ва­ње­то?

ТЕ­ЛОВ­СКА: Се­ка­ко де­ка е по­тре­бен тим. Кај фо­но­ло­шко-ар­ти­ку­ла­тив­ни­те на­ру­шу­ва­ња на го­во­рот, ау­ди­о­ме­три­стот мо­ра да го про­ве­ри слу­хот, ОРЛ-спе­ци­ја­ли­стот да про­ве­ри да­ли по­стои не­кое за­бо­лу­ва­ње или ано­ма­ли­ја на слуш­ни­от си­стем, ор­то­до­нот да на­пра­ви ор­то­дон­ски прег­лед. Де­чи­ња­та за­бо­ле­ни од це­ре­брал­на па­ра­ли­за ги во­ди дет­ски не­вро­лог, фи­зи­ја­то­рот ќе одре­ду­ва фи­зи­кал­на те­ра­пи­ја, де­фе­кто­ло­гот ќе го про­це­ну­ва, ќе го сле­ди, ќе го сти­му­ли­ра пси­хо­мо­тор­ни­от раз­вој на де­те­то, кли­нич­ки­от пси­хо­лог има за­да­ча да ги про­це­ну­ва пси­хич­ки­те функ­ции ка­ко вни­ма­ние, мис­ле­ње, пер­цеп­ци­ја, пом­не­ње, та­ка што се­ко­гаш е по­тре­бен тим, да­ли да се иск­лу­чи одре­де­на со­стој­ба или во трет­ма­нот.

 

Ка­кви тех­ни­ки мо­же да се пра­кти­ци­ра­ат во те­ра­пи­ја­та за ле­ку­ва­ње на пел­те­че­ње­то?

ТЕ­ЛОВ­СКА: Ос­нов­на тех­ни­ка е ме­ки­от го­вор. Тоа е го­вор со по­до­тво­ре­ни ар­ти­ку­ла­то­ри и со ме­наџ­мент на воз­душ­на­та стру­ја за да се на­ма­ли ри­зи­кот од по­ја­ву­ва­ње на пел­те­че­ње­то. По­на­та­му, има тех­ни­ки на ре­ла­кса­ци­ја, за ос­ло­бо­ду­ва­ње од стрес, тех­ни­ки за ди­ше­ње, за­тоа што, ка­ко се­кун­дар­на пос­ле­ди­ца на пел­те­че­ње­то, мно­гу че­сто мо­же да се по­ја­ви не­син­хро­ни­за­ци­ја по­ме­ѓу ди­ше­ње­то и го­во­рот и тех­ни­ки за по­зи­тив­но раз­мис­лу­ва­ње, по­зи­тив­ни афир­ма­ции, ви­зу­е­ли­за­ци­ја. Ако ни е важ­но здрав­је­то на де­те­то, не мо­же да го гле­да­ме са­мо низ приз­ма на го­во­рен апа­рат и ка­ко ги из­го­ва­ра гла­со­ви­те или ка­ко збо­ру­ва. Пред нас е ед­на комп­лет­на лич­ност. Во пос­лед­но вре­ме мно­гу се збо­ру­ва за че­твр­та­та ди­мен­зи­ја – спи­ри­ту­ал­но здрав­је, би­деј­ќи здрав­је­то не прет­ста­ву­ва са­мо отсус­тво на бо­лест ту­ку и комп­лет­но фи­зич­ко, мен­тал­но, со­ци­јал­но здрав­је и се­га че­твр­та­та ди­мен­зи­ја е спи­ри­ту­ал­но­то здрав­је. Тоа прет­ста­ву­ва ед­на емо­ци­о­нал­на рам­но­те­жа, ис­пол­не­тост, жи­вот­на ра­дост, чув­ство за ху­ма­ност и по­мош за дру­ги­те лу­ѓе. Таа ди­мен­зи­ја е мно­гу важ­на. Кај пел­те­че­ње­то и кај дру­ги­те хро­нич­ни со­стој­би има на­ру­шу­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­ве­е­ње. Во ло­го­пе­ди­ја­та по­сто­јат ин­стру­мен­ти (пре­ку ме­ре­ње на ста­во­ви) со кои се ме­ри кол­ку е на­ру­шен ква­ли­те­тот на жи­ве­е­ње.

 

Nermin Telovska 01 (Custom)

Кај пел­те­че­ње­то и кај дру­ги­те хро­нич­ни со­стој­би има на­ру­шу­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­ве­е­ње

 

Сè по­че­сто се слу­чу­ва во се­којд­не­ви­е­то да слу­ша­ме ка­ко де­ца­та на во­зраст до 7-8 го­ди­ни збо­ру­ва­ат друг ја­зик, кој не им е мај­чин, нај­че­сто анг­ли­ски. Зо­што е тоа та­ка?

ТЕ­ЛОВ­СКА: Тоа не е чуд­но, ако се зе­ме пред­вид фа­ктот де­ка де­ца­та учат анг­ли­ски ја­зик пре­ку ви­де­о­и­гри, цр­та­ни фил­мо­ви, пес­ни. Тоа е на­чин на уче­ње ја­зик во ед­на сти­му­ла­тив­на ат­мо­сфе­ра пре­ку за­ба­ва, ди­на­ми­ка, уба­во до­жи­ву­ва­ње, уба­ви чув­ства и ова соз­на­ние тре­ба да се има пред­вид ко­га се учи и мај­чи­ни­от ја­зик. Ако до не­о­дам­на се сме­та­ше де­ка нај­пр­вин тре­ба да се на­у­чи до­бро да се збо­ру­ва мај­чи­ни­от ја­зик, де­неш­ни­те екс­пер­ти уве­ру­ва­ат де­ка кри­ти­чен пер­и­од за уче­ње стран­ски ја­зик е пред че­твр­та­та го­ди­на. Ова тре­ба да се иско­ри­сти и по­ра­но да се поч­не со уче­ње стран­ски ја­зик.

 

Да­ли умет­но­ста мо­же да го сти­му­ли­ра го­во­рот?

ТЕ­ЛОВ­СКА: Умет­нич­ки­те актив­но­сти ја сти­му­ли­ра­ат и ја акти­ви­ра­ат дес­на­та мо­зоч­на хе­ми­сфе­ра. Се­кој вид уче­ње кај чо­ве­кот е по­ус­пе­шен ако се актив­ни две­те мо­зоч­ни хе­ми­сфе­ри. И де­ца­та и во­зрас­ни­те, по слу­ша­ње на кла­сич­на му­зи­ка по­до­бро ре­ша­ва­ат про­стор­ни за­да­чи ка­де што е по­треб­на про­стор­на ор­га­ни­за­ци­ја и про­стор­но ре­зо­ни­ра­ње. Му­зи­ка­та са­ма по се­бе но­си ре­ла­кси­рач­ка ат­мо­сфе­ра, уба­во до­жи­ву­ва­ње. Спо­ред ме­не, чо­век тре­ба да слу­ша му­зи­ка во ко­ја ужи­ва и на тој на­чин мо­же да се ос­ло­бо­ди од стре­сот и од не­га­тив­ни­те емо­ции.

 

Целото интервју може да го погледнете на следниов линк.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top