| четврток, 6 декември 2018 |

Во брак се 58 години, не ги разделија ни неверствата, ни депресијата

604877_tom-dzons-foto-profimedia-2_f

Линда е мојата единствена и најголема љубов, иако таа повеќе не е истата жена во која бев вљубен. Таа го изгуби сјајот во очите, што најмногу ми недостасува, изјави Том Џонс (75).

Пејачот во интервју за Sunday Times Magazine првпат зборуваше за депресијата со која сопругата Линда (58) се бори уште од средно училиште.

Mr and Mrs Tom Jones at the airport

– Таа се затвори во четири ѕида и не се чувствува добро кога мора да излезе. Пред некој ден на гостини  беше Роби Вилијамс, но таа остана сама во собата. Не сакаше да дојде ниту да се поздрави. Депресијата ја уништи, изјави легендарниот музичар.

Британскиот Дон Жуан призна дека спиел со повеќе од 200 жени, но дека неговата сопруга тоа го знаела и му го простувала. Тие се заедно шест децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top