Кога се одбира датумот потребно е да се земат предвид многу работи, како што се годишното време, можноста за отсуство од работа, временскиот период кој ви е потребен да се подготвите, евентуална бременост, па дури и меден месец.
Но, постојат денови од годината во кои треба да избегнува организирање на свадба.
Денови кога се менува саатот
Летното сметање на времето почнува во последната недела на март и завршува во последната недела на октомври. Во ноќта меѓу сабота и недела во 2 часот наутро времето се поместува за еден час понапред. Стрелките се поместуваат за да се „продолжи“ денот и да се заштеди електирчна енергија, но овие промени често доведуваат до ненадејни промени во биолошкиот ритам кои влијаат на појава на омалаксаност и нервоза. Затоа, ако можете избегнете ги овие денови за свадба, затоа што може да влијаат на вашето расположение. Исто така може да се случи вие или вашите гости да не го променат саатот, па да задоцнат или да дојдат порано еден час.
Најкраткиот ден во годината
Ден кој треба да го избегнувате за свадба е и 21 декември, затоа што е најкраток ден и веќе вмеѓу 15 и 16 часот се стемнува, што може да ги поремети вашите планови за фотографирање.
Петок 13
Ако сте суеверни тогаш треба да го избегнувате овој датум. Но, дури и вие да не сте, повеќето луѓе се суеверни, па некои ќе посакаат да го избегнат доаѓањето на вашата свадба.
1 Април
Овој ден е познат како ден на шегата, па ако ви пречи цел ден да слушате шеги на ваша сметка и на сметка на вашиот брак, тогаш ова е уште еден ден кој треба да го избегнувате.
1 Мај
Овој ден е ден на трудот, и како што знаете сите со нетрпене го очекуваат за да се одморат во природа, со скара, со пријателите и семејството. Овој датум многумина го планираат за патување и пикник, па доколку сакате да правите голема свадба, закажете ја некој друг ден.
1 Септември
Познат е по поаѓањето на училиште, а доколку имате гости кои имаат деца, верувајте дека родителите ќе бидат навистина нервозни околу бројните подготовки. Исто така веројатно дел од нив и порано ќе си отидат дома за да утредента станат рано да ги пратат децата на училиште.
Ден на вечното дерби
Повеќето мажи, а тука веројатно спаѓа и вашиот сопруг, за време на свадбата ќе поминат доста време проверувајќи ги резултатите и разговарајќи за исходот од натпреварот.
Денови на пост
Ако сакате во ист ден да се венчате и во црква и во матично, морате да имате предвид и кога се денови за пост, бидејќи постојат датуми кои не се погодни за венчање во црква.
Работни денови
Повеќето свадби се прават во сабота и недела, но ако сакате да закажете свадба во работен ден, морате да земете предвид дека сите гости имаат работни обврски и дека можеби токму тоа ќе им претставува проблем да дојдат на свадбата.
Најпопуларни верски празници
Празниците како Божиќ и Велигден и другите големи празници (на пр. Задушница) треба да ги избегнувате доколку планирате голема свадба, бидејќи повеќето луѓе тие денови сакаат да ги поминат во кругот на семејството или да отидат на патување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.