| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Заев признава дека СДСМ се финансира со црни пари?! (видео)

Nkolumna161-zaev-740x320
Зоран Заев за начинот на финансирање на СДСМ, тврдеше дека партијата во изминатиов период се финансира од фирмите на Заеви.

Иако лично лидерот на партијата Заев го тврди тоа, во годишните извештаи и регистри на донатори на СДСМ никаде не е наведено дека која било од фирмите на кланот Заеви донирале финансиски средства во партијата, односно не го направиле тоа според законот за финансирање на политичките партии.

donacii

-СДСМ се финансира од својата членарина, на своите членови кои во вакво тешко време верувајте е доста скудна, од парите што ги добиваме од годишното финансирање во согласност со закон и од фирми многу блиски до Заев, кои, секако, најмногу спаѓаат фирмите на Заеви. – истакна Заев.

Ако изјавата на Заев се земе како вистина, тогаш е јасно дека фирмите на фамилијата на Зоран Заев го финансирале СДСМ со „црни“ пари, кои не биле пријавувани никаде и не биле уредно трансферирани на трансакциската сметка на СДСМ, што самото по себе е кривично дело. Во продолжение ги објавуваме јавно достапните документи за финансирање на СДСМ, потпишани од нивниот генерален секретар, каде што јасно може да се забележи дека никаде нема ниту една донација од фирмите на кланот Заеви.

donacii-1

Во изминативе години, граѓаните беа сведоци дека фирмите на кланот Заевина ги добиваа речиси сите тендери во општина Струмица, на нетранспарентен начин. Исто така, граѓаните беа сведоци на барање мито од 200.000 евра од Зоран Заев од струмички бизнисмен, со посочување парите да ги достави кај братот Вице Заев во менувачницата.

Ова признание е мега-скандал за кој јавноста бара одговор, дали СДСМ се финансира на црн начин од парите на граѓаните, кои кланот Заеви ги добиваат на тендерите од општина Струмица или, пак, Зоран Заев уште еднаш ги излажа своето членство и јавноста во врска со финансирањето.

Во секој случај ова признание на Зоран Заев е предмет што треба да биде разгледан од сите надлежни институции.

donacii-2

donacii-3

donaci-5

donacii-6

donacii-7

donacii-8

donacii-9

donacii-10

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top