| четврток, 6 декември 2018 |

Три кривични за лажната лекарка, ќе се истражува и смртта на момчето кое почина на фудбалски натпревар

Лажната лекарка од Кавадарци заработи три кривични пријави, а министерството за здравство истражува како девојката успеала шест месеци да работи со фалсификувани документи.

Министерот Никола Тодоров најави дека истрагата ќе биде темелна, а ќе се истражува и смртта на момчето кое почина на фудбалски натпревар каде што беше и лажната лекарка.

Родителите на момчето побарале да го добијат документот од обдукцијата и да се утврди вистинската причина за смртта на 18 годишниот Митко Влајков.

Студентката во втора година на медицинскиот факултет работела како лекарка во Итната помош во Кавадарци со договор на дело на шест месеци откако поднела лажни документи. Кавадарчанката лекувала пациенти и давала дијагнози со само три семестри на факултет, но како што сведочеа нејзините колеги за некои медиуми, таа била многу љубезна со пациентите и немало поплаки за нејзиното лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top