Најдобриот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ продолжува да ги изненадува неговите фанови ширум светот.
По стартувањето на неговата линија на парфеми, соработката со модната марка чие заштитно лице е самиот тој, рекламирање на енергетски пијалоци, Ибра се подготвува да сними и филм!
Кристијано Роналдо доби свој филм во соработка со „Универзал“, пред некој ден беше промивран и филмот на Вејн Руни во издание на „ББС“, а пред тоа и Меси имаше своја премиера, сега на ред е и Златан Ибрахимовиќ.
Тој се наоѓа во Шведска на подготовки со својата репрезентација за квалификациските дуели против Лихтенштајн и Молдавија. Тоа го искористија новинарите од таа земја да го прашаат за новиот проект.
Секако тоа не бил бил Златан ако не одговори на негов својствен начин.
– Преговараме за нешто. Во прашање е нешто што многу ми се допаѓа, што го сакам. Посакувам да го направиме, ќе видиме – одговори Ибрахимовиќ на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)