| четврток, 6 декември 2018 |

Пилот на „Американ ерлајнс“ починал за време на лет

Во време на инцидентот, во авионот „ербас А320„ имало 147 патници и петмина членови на екипажот.

Капетанот  Мајкл Џонсон (57) го управувал авионот, кога наеднаш се пожалил дека му е лошо, а веднаш потоа се струполил во своето седиште. Досека членовите на екипажот се обидувале да му помогнат, копилотот известил за случајот и побарал итно спушатње на првиот најблизок аеродром.

Авионот се спуштил во Сиракуза, а службите за брза помош, кои чекале на пистата, се обиделе да му помогнат на пилотот Џонсон, но тој веќе бил починат.

Во првиот медицински извештај се вели дека смрта настапила од природни причини, па немало потреба да интервенира полицијата.

Сопругата на починатиот пилот изјави за „Си-Ен-Ен“ дека Џонсон во 2006 година имал двоен бајпас на срцето. Лекарите веруваат дека пилотот добил срцев удар додека траел летот.

Компанијата „Американ ерлајнс“ и патниците, кои последни разбрале што се случува во пилотската кабина, ги истакнуваат храброто и ладнокрвно однесување на членовите на екипажот, кои не дозволиле да дојде до паника и да се загрози безбедноста на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top