| четврток, 6 декември 2018 |

Протест пред македонската амбасада во Софија

Десетици лица се собраа на протест денеска пред зградата на македонската амбасада во Софија,  пренесува Нетпрес.

Бугарските граѓаните се собрале пред македонското дипломатско претставништво во знак на протест поради скревнавењето на спомен плочата во Охрид на 15-мината бугарски туристи кои загинаа кога во Охридското езеро потона бродот “Илинден“.

“Не сме фашисти“, скандирале собраните граѓани пред амбасадата. Учесниците во протестот, како што објави весникот, настојувале Македонија да преземе мерки против вандалите и сквернавењето на бугарската историја и споменици.

На спомен плочата во Охрид непознати лица исцртале кукаст крст со црвен спреј и го испишале зборот “фашисти“. Локалните власти веќе го осудија сквернавењето на спомен-плочата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top