| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ ѕвезда до ѕвезда, Англичаните го избраа најлошиот тим на колото во Премиерлигата

vejn runi

Покрај редовните избори за најдобар тим или играч по секое коло во најсилните лиги во светот, Англичаните избираат и најлоша екипа на колото. По 8.коло, во Премирелигата во најлошиот тим се најдоа големи ѕвезди на фудбалот, а тоа се должи на катастрофалните порази на двата тима кои претендираат за насловот оваа сезона, Манчестер јунајтед и Челси.
Токму затоа, во најлошиот тим ова коло во Англија се најдоа дури четворица фудбалери на Јунајтед и по двајца од Челси и од Њукасл.

Најлош тим во 8.коло, Премиерлига:

Крул (Њукасл) – Брант (ВБА), Чан (Ливерпул), Колочини (Њукасл), Дармијан (Манчестер Ј.) – Рамирес (Челси), Швајнштајгер (Манчестер ј.), Депај (Манчестер ј.), Синклер (Астон вила), Руни (Манчестер ј.) – Фалкао (Челси)

najlos tim

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top