| четврток, 6 декември 2018 |

Вејн Руни по 13 години се врати дома: Евертон има квалитет за да се бори за трофеи

Вејн Руни и официјано денеска стави потпис на двегодишен договор со неговиот поранешен клуб, Евертон. Руни се враќа во редовите на „Карамелите“ по цели 13 години.

– Се чувствувам прекрасно. Пресреќен сум што се вратив во мојот клуб од детството. Со нетрпение чекам да ги запознаам соиграчите, да започнам со тренинг, а и со натпреварите. Мило ми е што гледам дека клубот многу напредал по сиве овие години. Не се вратив тука само затоа што го поддржувам клубот, Евертон има сили да освојува трофеи и мило ми што ќе бидам дел од овој проект. Ќе дадам се од себе да ги израдувам фановите на овој клуб – истакна Руни за официјалната веб страница на Евертон.

Најдобриот стрелец во историјата на англиската репрезентација за првиот тим на Евертон дебитираше на 16 години. Одигра 77 натпревари за „карамелите“, постигна 17 погодоци во периодот од 2002 до 2004 година. Потоа го направи својот трансфер во Јунајтед за 37 милиони евра, а таму заслужено го доби статусот на легенда во клубот. Руни освои се’ што можеше да се освои со „Ѓаволите“, а заминува од „Олд трафорд“ како најдобар голгетер во историјата на најтрофејниот клуб во Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top