Никол Шерцингер речиси десет години беше во врска полна со прекини со возачот на Формула 1, а сега конечно реши да проговори за тажниот крај на оваа бурна романса.
За време на интервјуто со поранешната пејачка на „Пусикет долс’ водителката Венди Вилијамс ѝ кажа дека мисли дека таа залудно ги потрошила сите тие години со Луис Хамилтон бидејќи на крајот не се венчале и не формирале семејство.
Тоа ти го зборувам искрено, бидејќи имаш речиси 37 години и помина седум години од твојот живот во смирување и раскинување со некој, кажала отворено водителката и додала: Тоа ти се седум години, кои не можеш да ги вратиш, а тој беше навистина богат. Навивав за тебе и многу ми е жал поради сѐ, ѝ кажала Венди сосема искрено на пејачката.
Никол не ѝ противречела и, едноставно, кажала дека е „добро“ по раскинувањето. Објаснила дека тоа е судбина и дека сѐ во животот се случува со причина.
Знаете, сѐ се случува со причина. Јас сум девојка што верува во судбина и голем верник сум, а и седум години се навистина долг период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)