Новата насловна страница на магазиниот „Луи“ на која британската топ-моделка Наоми Кемпбел позира разголена крена многу прав во јавноста, но не за тоа за што се надевале уредниците на магазинот.
Овој француски магазин и порано ги поместувал границите со своите провокативни насловни страници, а овој пат насловната страница ја краси „црната пантерка“, која позира топлес. Наоми ги покажала своите голи гради и раскошната убавина на секс-фотографиите, кои ги снимила за магазинот, но вниманието го привлекло нешто друго.
Многумина забележале дека Наоми на фотографиите изгледа прилично обработено во „фотошоп“, а во реалноста нејзината кожа не е толку затегната ниту, пак, нејзиното тело е толку вито.
Јасно е дека манекенката на 45 години не изгледа како што изгледала на врвот на својата кариера, па многумина на социјалните мрежи ги обвиниле фотографите Луиџи и Јанг, кои ја фотографирале за ова издание, дека претерале со „фотошопот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Другарка и и го украде момчето, а манекенката сега најде ново, кое не знае што да прави со парите
-
Ѕвездите ќе мора да ги покажат своите мани – Инстаграм ќе ги означува сликите направени во Фотошоп
-
Тотално ја изгуби косата и сега носи перики – познатата манекенка проговори за себе си
-
Фотографија која ќе ве поремети: Колку и да е лошо и реално, сепак е илузија