| четврток, 6 декември 2018 |

Жена се запали со бензин и почина во Прилеп

samozapaluvanje-652

Постара жена попладнево околу 12.40 часот се самозапалила пред бензинска пумпа во Прилеп.

Случајни минувачи во полиција пријавиле дека кај местото познато како Салида, 79-годишната В.Ф.  се полила со бензин и се самозапалила. Случајните минувачи се обиделе да ја изгаснат, но безуспешно, по што жената починала.

Полицијата ја потврди оваа информација и информираат дека увидот сѐ уште трае. На самото место се истражен судија и надлежен јЈавен обвинител, кои ќе треба да го расчистат случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top